По насоки на јавен обвинител С.Д. била приведена во полициска станица и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Оваа кратовка веќе извесен период го узурпира јавниот археолошки локалитет „Камени кукли“ кај Кратово. Иако ѝ била изречена судска забрана, таа била затекната и претходно на 11 јули 2026 година, откако им го попречувала пристапот на туристите и барала да ѝ се плаќа разгледувањето на локалитетот. Тогаш СВР Куманово имаше соопштено дека по целосното документирање на случајот од 11 јули ќе биде поднесена соодветна пријава.

Посетители и претходно се жалеле дека им било барано плаќање за влез, како и дека биле изложени на навреди и закани. Има тврдења дека кратовката наплатувала и по 20 евра од странски државјани, велејќи им дека „Камените кукли“ се, наводно нејзина „приватна сопственост“. Судот претходно донел времена мерка, со која С.Д.и нејзиниот татко треба да го напуштат локалитетот и да го предадат на надлежните институции.