Македонија

Жештините ќе продолжат цела недела

Дневните температури ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови

Времето денеска ќе биде Сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, се очекува денеска, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Според прогнозата на УХМР, топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови, при што дневната температура на одделни места ќе надмине 40 степени.

Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Најнови вести од: Македонија

Ангелов: Сѐ уште има опасна бактерија во водата во Гостивар, предизвикува инфекции на кожата, очите и ушите

„Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и готвење, иако состојбата постепено се подобрува.“ – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

To top