Македонија

Тошковски: Водата во Гостивар останува исклучиво за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Водата од градскиот водовод во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи.

Тој информираше дека надлежните институции договориле да го зголемат интензитетот на контролите, при што испитувањата на квалитетот на водата ќе се спроведуваат почесто и во континуитет од повеќе институции.

Според Тошковски, забраната за користење на водата за пиење ќе остане во сила сè додека не бидат добиени три последователни исправни резултати од сите мерни точки во градот.

– Штом ќе имаме три последователни резултати кои ќе потврдат дека водата е исправна за пиење на сите мерни точки во градот, тогаш ќе ги известиме граѓаните дека може да се користи и за пиење – изјави Тошковски.

Во меѓувреме продолжува снабдувањето на граѓаните со флаширана вода. Како што посочи министерот, во изминатите денови во Гостивар се доставени околу 580.000 литри вода за пиење, обезбедени од Владата, општествено одговорни компании и други општини.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Од СДСМ се против се’, но не и против распродавање на Македонија (ВИДЕО)

Да им ставите бел лист хартија, тие ќе потпишат сè само да не треба тие да го платат, само да можат да го платат граѓаните и Македонија, а тие да може што повеќе да украдат од истите и да стават во своите џебови, рече премиерот на синоќешниот митинг во Брвеница

To top