Македонија

Македонија и Словенија зајакнуваат соработка во борбата против криминалот и обука на полицијата

На средбата во Охрид, министрите за внатрешни работи на Македонија и Словенија, Панче Тошковски и Боштјан Поклукар, разговараа за продлабочување на соработката меѓу двете земји во клучни области како што се борбата против организираниот криминал, справувањето со илегалната миграција, зајакнувањето на внатрешната контрола и унапредувањето на обуките за полициските службеници.

facebook.com/PancheToshkovski

На средбата во Охрид, министрите за внатрешни работи на Македонија и Словенија, Панче Тошковски и Боштјан Поклукар, разговараа за продлабочување на соработката меѓу двете земји во клучни области како што се борбата против организираниот криминал, справувањето со илегалната миграција, зајакнувањето на внатрешната контрола и унапредувањето на обуките за полициските службеници. Македонската страна предложи потпишување на Меморандум за соработка меѓу Центарот за обука на МВР на Македонија и Полициската академија на Словенија, со цел интензивирање на заедничките образовни програми и обуки за полициските сили.

Министерот Тошковски изрази благодарност до својот колега Поклукар за континуираната поддршка од Словенија, особено во справувањето со пожарите во изминатите две години и помошта по трагедијата во Кочани.

Република Словенија и нивното министерство се едни од клучните партнери и поддржувачи во реформите кои ги правиме, преку користење на нивното знаење и искуство, како за новите закони за полиција и внатрешни работи. Отпочнуваме соработка и во нашата иницијатива за отворање на Регионална асоцијација на полициски академии, обуки за полициските службеници со цел професионализација, доедукација со цел креирање на ефикасна европска полиција.“, истакна Тошковски.

Тој додаде дека Словенија, преку министерот Поклукар и неговиот тим, останува посветен партнер во поддршката за евроинтеграциите на Македонија, помагајќи во исполнувањето на критериумите поставени од Европската Унија.

Словенечкиот министер Поклукар ја нагласи цврстата врска и пријателството меѓу двете земји, кое се рефлектира и во соработката меѓу министерствата.

Наша оценка е дека министерството за внатрешни работи и македонската полиција прават одлична работа и тоа секогаш сум го истакнувал и во Европа како член на советот на министри за внатрешни работи на Европа. Одличната идеја за Регионална асоцијација на полициски академии ќе ја поддржиме и учествуваме во неа за да креираме професионални полиции на Балканот за побезбеден регион за сите. Ние сме веќе сојузници заедно во НАТО и нашата поддршка ќе продолжи во секој ваш чекор кон приклучување во нашето европско друштво на нации каде е и вашето место“, рече Поклукар.

Тој потенцираше дека Словенија останува посветена на поддршката за Македонија во нејзиниот пат кон полноправно членство во ЕУ, уверувајќи дека местото на Македонија е во европското семејство.

Средбата во Охрид ја потврди заедничката заложба на двете земји за унапредување на безбедноста во регионот преку заеднички проекти, споделување искуства и поддршка во евроинтегративните процеси.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top