Македонија

Мајка дозволила и снимала додека ѝ ги силуваат малолетните деца

Децата биле на возраст од десет и три години

Триесетгодишната жена од гостиварско грубо ја запоставила својата должност за грижа за децата и дозволила две 22-годишни жени да извршат полови дејствија со нејзините деца, додека таа настанот го снимала со мобилен телефон.

Таа, дополнително, видеото со детска порнографија преку апликација ја испратила на нејзиниот сопруг кој се наоѓал во Италија.

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жената за која постои основано сомнение дека спрема нејзините две деца – девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година, сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Таа исто така се сомничи и за – Производство и дистрибуција на детска порнографија согласно член 193-а став 1, додека две други жени се осомничени за – Силување на децата кои не наполниле 15 години предвидено во член 188 став 1 од Кривичниот законик, објави Фокус

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за трите осомничени.

Најнови вести од: Македонија

Почна Собраниската процедура на Предлог-законот за игрите на среќа

Приредувачите на игрите на среќа во автомат клуб и казино, како и за приредувачот на електронските игри на среќа, задолжително да имаат поставено глобален систем за позиционирање или GPS локација на секој автомат и да е во постојана електронска комуникација со Управата за јавни приходи. 

Директорката на ИЈЗ: Луѓе примале плата без да доаѓаат на работа

Андоновска апелираше да не се ставаат сите вработени во ист кош, истакнувајќи дека поголемиот дел чесно и професионално ја вршеле својата работа. Таа увери дека поголемиот дел од неправилностите сега се надминати.

Мицкоски: Македонија е меѓу првите пет земји во Европа по раст на БДП

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја презентираше најновата статистика на Државниот завод за статистика, истакнувајќи дека Македонија според податоците на Евростат се наоѓа на петтото место во Европа по раст на Бруто домашниот производ (БДП).

To top