Македонија

Како изгледа топлотниот бран на скопските улици?

Македонија под вршник, Скопје врие..

Македонија под вршник, Скопје врие..Граѓаните растрчани по вжештениот асфалт
се обидуваат што побрзо да си ги завршат обврските во еден од најтоплите денови оваа година. Секој бара ладовинка, надвор кафулињата празни, внатре под прскалки или клими полни. Полупразен и плоштадот на градот, се забележуваат само упорните туристи кои и на 40 степени не се откажуваат од посета на главните знаменитости ама наоѓаат начин како да се разладат.

Со шишиња вода и сладолед во рацете, под сенки и со чадори над глава,секој наоѓа начин како да се заштити. Скопјани велат препораките на здравствените власти ги почитуваат, но за основни потреби  мора да излезат. На туристите пак не им пречи македонското сонце.

Скопјани летово ќе мора да „пливаат на суво“


„Стануваме порано да пазариме и потоа се повлекуваме дома под клима. Се штитиме со капа, се криеме во сенки, купуваме вода. Одиме по сенки.“- велат граѓаните.

Македонија на +40 степени

Од Упрвата за хидрометеоролошки работи велат дека температурите ќе достигнат и до 40 степени, а не се очекува да стивнат до следната недела. Последиците ги чувствуваат и помладите и постарите. Затоа лекарите советуваат да не се излегува доколку нема потреба, а доколку мора, да се избегнува периодот од 11 до 17 часот. Дополнително им препорачуваат до граѓаните да не конзумираат алкохол, да не јадат многу мрсна или пржена храна и редовно да внесуваат течности.

Најнови вести од: Македонија

Се смирува состојбата во Гостивар: Клековски најави резултати од анализите до 20 август

Епидемиолошката состојба се стабилизира, бројот на нови пациенти се намалува, но официјален крај на епидемијата ќе има дури откако ќе се исклучи поврзаноста со водата за пиење

To top