Македонија

Македонија на +40 степени

Здравствените власти предупредуваат дека високите температури можат да предизвикаат топлотна исцрпеност или сончаница

Силниот  топлотен бран ќе донесе сончевото и многу топло време ќе донесе дневни температури од 35 до 40 степени, а во поголем дел од земјата ќе биде активирано портокалово ниво на предупредување поради високите температури.

Во најкритичниот период од летото, мошно е температурите во наредните денови ќе достигнуваат и до 42 Целзиусови степени.

Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, екстремно високите дневни температури ќе бидат проследени и со таканаречени тропски ноќи, кога температурата нема значително да се намалува ниту во текот на ноќта. Тоа дополнително ќе го зголеми ризикот од топлотна исцрпеност и здравствени компликации.

Жештините веќе се чувствуваат и во здравствениот систем: Надлежните препорачуваат граѓаните да избегнуваат престој на директно сонце во периодот од 11 до 17 часот, да внесуваат доволно течности и да носат лесна, светла облека. Посебна внимателност се препорачува за повозрасните лица, хронично болните, малите деца и бремените жени.

Зголемен е бројот на повици до Итната медицинска помош , според лекарите, дневно се регистрираат повеќе од 200 повици поврзани со колапси, прегревање и влошување на здравствената состојба кај граѓаните.

Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави препораки за заштита од високите температури и топлотниот бран.

Лекарите предупредуваат дека високите температури можат да предизвикаат топлотна исцрпеност или сончаница. Доколку се појават симптоми како силна главоболка, вртоглавица, мачнина или забрзано чукање на срцето, потребно е лицето веднаш да се премести на ладно место, да внесе течности и, доколку е потребно, да побара медицинска помош.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top