Хроника

Приведен германски државјанин, со дрон ја снимал караулата на Армијата на Македонија во Радожда

Германски државјанин со дрон ја снимал караулата на Армијата во струшкото село Радожда, полицијата го привела, соопшти денеска СВР Охрид.

„На 5.8.2026 година во 14:30 часот во струшкото село Радожда од слобода е лишен А.С.(56) од Германија поради сомнение дека сторил кривично дело Неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства согласно член 350 од Кривичниот законик. Тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на Армијата, место што е во забранета зона за снимање“, соопшти полицијата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава, се вели во соопштението

Најнови вести од: Хроника

To top