Македонија

МЗ: Нови седум случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, сите од Скопје

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје – по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, информираа попладнево од Министерството за здравство.

Dengue, zika and chikungunya fever mosquito (aedes aegypti) on human skin

– На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е лабораториски потврдена, додека за еден ссомнителен случај се очекуваат резултатите. Тројца пациенти се во критична состојба и се интубирани – појаснија од Министерството за здравство.

Станува збор за повозрасни лица со придружни заболувања. Останатите пациенти, како што се нагласува во соопштението, се во стабилна состојба и добиваат соодветен третман.

– Досега во државата се регистрирани вкупно 20 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Првиот случај бил пријавен на 15 мај 2026 година во Велес. Најефикасната превенција е заштитата од убоди од комарци. Се препорачува да се избегнува престој на отворено во зори и во самрак, кога комарците се најактивни, како и да се користат репеленти и заштитни мрежи на вратите и прозорците. Граѓаните треба редовно да ги отстрануваат застоените води од дворовите и терасите, бидејќи тие претставуваат погодни места за размножување на комарците – потенцираа од Министерството за здравство.

Најнови вести од: Македонија

Од 1 декември 2026 околу 70 илјади потрошувачи во Скопје ќе плаќаат парно греење поскапо за 7,56 отсто

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека поради зголемената цена на природниот гас, што е резултат на геополитичките случувања, донесена е одлука со која од 1 декември цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56% за домаќинствата што се снабдуваат од ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Енергетика.

Забрзувањето на евроинтегративниот процес за Западниот Балкан и регионалната соработка – клучни теми на Процесот Брдо-Бриони

Денес во Охрид се одржува 15-тиот состанок на врвот на Процесот Брдо-Бриони .ќе се Главната тема е европската перспектива на земјите од Западен Балкан, со акцент на спроведување на потребните реформи, зајакнување на регионалната соработка и добрососедските односи.

„Курир“: Рокас потврди дека може да има блокади и по ставање на Бугарите во Уставот! Само Филипче верува дека е тоа „последно барање“ на Бугарија!

„Венко Филипче и неговата екипа од СДС останаа единствените луѓе во Македонија кои веруваат дека внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде последното барање на Бугарија. Ова директно го потврди и евроамбасадорот Рокас, кој не исклучи дека некоја членка на ЕУ може да нѐ блокира во преговорите со ЕУ!’ – пишува порталот „Курир во својата статија со наслов „Филипче и екипата останаа сами: И Рокас не исклучи дека НЕКОЈА ЧЛЕНКА МОЖЕ ДА НÉ БЛОКИРА И ВО ПРЕГОВОРИТЕ“.

Тошковски: Нека е за убаво, нека е за арно!

Министерот нагласи дека МВР нема да дозволи нарушување на јавниот ред и мир, ниту загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, потсетувајќи на инцидентите што се случувале о минатото за време на претходни прослави

ВРЕДИ: И Тирана потврдува дека албанскиот јазик напредува, додека пропагандата на ДУИ доживува фијаско

„Албанскиот јазик не е ниту тема за политички кампањи, ниту алатка за ширење страв кај граѓаните. Тој е стекнато право и заедничко добро на сите Албанци – кое се штити и унапредува преку конкретни дела, а не преку лажни аларми, велат од партијата

Најнови вести

To top