Македонија

Дизелот поветинува 8, бензините по 4 денари

Од вечерва по полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 5.81%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 4.00 денари. Еден литар 95-откански бензин ќе чини 87.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 89.00 денари

Ова е ви со согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 5.81%.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за значителни 8.00 денари и еден литар дизел ќе чини 91.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва по полноќ.

Најнови вести од: Македонија

Илиевска: ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги исполнува дадените ветувања и да работи во интерес на граѓаните. Една од најзначајните мерки за директно подобрување на животниот стандард е линеарното зголемување на пензиите за 7.000 денари за поголем број пензионери. Пред изборите ветивме дека ќе направиме сѐ што е можно за да обезбедиме линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. И наместо тоа, Владата реализира уште повеќе и за пензиите, за секој пензионер линеарно ги зголеми за 7.000 денари, вели Дијана Илиевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Над 40 проекти на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции

Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата. Листата ги содржи предлог проектните идеи подготвени и проверени од страна на иницијаторот, односно институцијата којашто го има доставено, а потоа оценети од страна на Министерството за финансии и одобрени од Комитетот за јавни инвестиции.

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

„Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.“ – објави претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на својот официјален фејсбук-профил.

To top