Над 90 насто е исполнет капацитетот на одделението за неврологија во КБ Штип. Топлотниот бран е причина за мозочни удари. Најмладиот пациент е на возраст од 38 години.
Зголемен е бројот на пациенти во сите лекарски ординации. Најпогодени се лицата со хронични болести, трудниците и оние кои работат на отворено.
Зголемена е опасноста за здравјето на лицата, кои живеат сами. Од Институтот за јавно здравје препорачуваат во овие периоди да се одржува редовна комуникација со блиските лица, со цел навремено препознавање на евентуални промени во здравствената состојба и обезбедување помош.