Македонија

Четврт век Охридски рамковен договор

Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година. Потписи на него ставија Борис Трајковски, Љубчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Имер Имери, Арбен Џафери, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју

Под покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати денеска и утре со низа активности и панел-дискусии ќе почне одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Од Министерството за односи меѓу заедниците информираат дека денеска во Клубот на пратеници ќе се одржат неколку панел-дискусии, а утре ќе се одржи главниот настан во 19:30 часот на Камениот мост – Скопје.

На панел-дискусијата на темата „Охридскиот рамковен договор и патот кон европската интеграција“ ќе говорат Кларис Пасзтори, дипломатка на ОБСЕ со долгогодишно искуство на Западен Балкан, Биљал Касами, градоначалник на Општина Тетово, Костадин Костадинов, поранешен градоначалник на Општина Струмица, Викторија Трајков, заменик-министерка за европски прашања и Азиз Положани, поранешен дипломат и универзитетски професор.

Посочуваат дека панелот составен од учесници со различни искуства и перспективи од областа на политиката, дипломатијата, институциите и академската заедница, ќе создаде простор за отворен, конструктивен и пријателски дијалог за значењето на Охридскиот рамковен договор. Во фокусот на дискусијата, како што наведуваат, ќе бидат спроведувањето и наследството на Договорот, соживотот и инклузијата на заедниците, меѓуетничкиот дијалог, современите предизвици и европската перспектива на земјава.

МИА

Најнови вести од: Македонија

ДУИ на посебен настан ќе го слави Охридскиот рамковен

Во поканата потпишана од претседателот на ДУИ, Али Ахмети, Охридскиот договор е опишан како „еден од најзначајните моменти во современата историја“ на државата, со кој биле поставени темелите на мирот, стабилноста, мултиетничката демократија и евроатлантската перспектива

To top