Регион

Пожар замалку „проголта“ град во Хрватска (ВИДЕО)

Причинета е огромна материјална штета, а 36 луѓе побарале лекарска помош, од нив, 14 се задржани во болница, при што седуммина се во тешка состојба, вклучувајќи 17-годишник

Голем пожар во близина на Омиш во Хрватска зафати делови од градот и остави десетици куќи и автомобили изгорени, а речиси 40 лица се повредени.

Пожарот што избувна во Локва Рогозница кај Омиш во четврток вечерта кратко по 20 часот се прошири брзо за само два часа, а пожарот стигна до центарот на градот во текот на ноќта.

Според заменик-градоначалникот на Омиш, Иван Пивчевиќ, штетата е огромна. Десетици возила на Јадранската магистрала беа изгорени, како и многу куќи и тврдината Фортица. Сообраќајот на тој дел е во прекин.

Според најновите информации, пожарникарите го ставија пожарот под контрола.

Инаку, речиси двесте луѓе, вклучувајќи и деца, се спасени од морето ноќеска откако избегале од катастрофалниот пожар кај хрватскиот град Омиш. Тие се засолниле во водата или на пловилата откако огнот се доближил до брегот, објавија хрватските медиуми.

Координираната акција за нивно спасување почнала синоќа пред полноќ по дојавата дека голем број луѓе со деца се наоѓа во морето и иа бродовите без надзор. Нивната евакуација траела два и пол часа, при што биле спасени 194 луѓе.

Размерот на катастрофата може да се види и на фотографиите и драматичните снимки што ги преплавија социјалните медиуми.

Информациите од терен сè уште се собираат, а вистинската големина на материјалната штета ќе се знае дури откако пожарот ќе биде ставен под контрола и ќе им биде дозволено да се посетат сите погодени населби.

Главниот противпожарен началник Славко Туцаковиќ утрово за Индекс изјави дека во пожарот кај Локва Рогозница и Омиш изгореле бројни куќи, автомобили и чамци и дека штетата е огромна.

Причинета огромна материјална штета, а 36 луѓе побарале лекарска помош. Од нив, 14 се задржани во болница, при што седуммина се во тешка состојба, вклучувајќи 17-годишник.

 Туцаковиќ го опиша пожарот како еден од најтешките со кои се соочил. Тој кажа дека пожарот брзо се ширел поради силните ветрови, при што изгорела површина меѓу 900 и 1.000 хектари

„Имавме исклучително тешка ноќ, имаме комплицирана ситуација во областа од Локва Рогозница до Омиш. Пожарникарите активно работат на запирање на пожарот. Противпожарните авиони се веќе на лице место и почнуваат со работа. Во текот на утрото ќе ги замениме силите и ќе продолжиме со гаснењето на пожарот“, изјави утрово главниот противпожарен началник Славко Туцаковиќ, нагласувајќи дека ова е еден од најтешките пожари во историјата на Хрватска.

Катастрофални шумски пожари пшто ја погодија Далмација, а најкритичната ситуација е во близина на Омиш, и понатаму претставуваат закана: Имено временската состојба нема да се подобри во наредните денови, со оглед на тоа што се очекува ведро и топло време во текот на викендот, со температури над 35 степени и силни ветрови.

Најтопол ден ќе биде понеделник, со температури кои ќе достигнат 40 степени.

Најнови вести од: Регион

Албанската мафија ги сопна Кушнер, кој е зет на Трамп, и неговиот мега-проект

Кога жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивниот мал остров, бидејќи станува збор за одземена дедовина, тој не ги послушал.

To top