Регион

Протест во Софија со барање за оставки од Јотова и од Радев поради „предавство“

Демонстрантите ги обвинија претседателката и премиерот за неуспех во справувањето со нападите со дронови во Црното Море

Скандирајќи „Оставка!“, „Предавници!“ и „Затвор“, демонстранти вечерва се собраа пред зградата на Владата на Бугарија во во Софија, барајќи оставка од претседателката Илијана Јотова и од премиерот Румен Радев.

Според насобранитре граѓани, шефицата на бугарската држава и првиот човек на Министерскиот совет не успеваат да се справат со нарушената безбедносна ситуација од погодените и потонати бродови од беспилотни летала во бугарската економска поморска зона во Црното Море.

„Цела Европа знае дека ова се руски напади, но само нашата претседателка и Влада се преправаат дека не знаат“, велат дел од демонстрантите.

Околу владината зграда има силно полициско присуство на протестот што не бил претходно најавен до градските власти.

 

 

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top