Македонија

Групна тепачка во Кочани пред полициска станица (ВИДЕО)

Приведени четири лица

Групна тепачка се случила во Кочани, во непосредна близина на полициската станица, а во физичката пресметка учествувале шест лица. Приведени се четири лица.

За нарушување на јавниот ред и мир во Кочани вчера (15.08.2026) во 19:15 часот приведени се Ж.В. (22), Ј.В. (19) и М.В. (47), сите од Кочани, како и И.А. (46) од село Баница, струмичко.

Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на улицата „Тодосија Паунов“ во Кочани го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале шест лица.

По преземените мерки и целосно документирање на настанот, против лицата биле поднесени соодветни поднесоци.

За целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности и евентуални пропусти при постапувањето, ќе бидат вклучени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за униформирана полиција.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

Поделба, федерализација, размена на население – Ахмети, Бучковски, Тачи и Георгиевси со четири верзии за 2001

Прославата на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор организирана од ДУИ отвори едно од најчувствителните прашања од конфликтот во Македонија во 2001 година – дали во текот на кризата постоел план за поделба на Македонија. Според последните изјави на Али Ахмети, Владо Бучковски и Мендух Тачи се појавуваат три различни толкувања, а во целата приказна повторно се враќа и улогата на Љубчо Георгиевски и на идеите што тогаш се поврзуваа со МАНУ.

To top