Македонија

(Видео): Огнот кај Драгов Дол слабее, но пожарот кај Велес се шири кон Зелениково

Од 25 пожари што беснееле во земјава во текот на вчерашниот ден, 21 биле изгаснати во текот на ноќта, но четири останале активни. Најголема загриженост предизвикува пожарот кај селото С’лп во Велешко, кој се шири кон Зелениково и селата Добриново и Тисовица.

Од 25 пожари, колку што беснееле во текот на вчерашниот ден, во текот на ноќта 21 се изгаснати, додека четири и понатаму се активни и противпожарните екипи продолжуваат со нивно гасење и ставање под контрола и денеска. Ова попладнево во видеоизјава го соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, кој покрај информацијата за состојбата со пожарите укажа и на негативен пример на кој наишол вчера покрај реката Треска, каде затекнал огниште за подготвување скара што било користено најверојантно еден ден претходно.

Што се однесува до пожарите, како што информира Ангелов, и понатаму е активна огнената стихија која неколку дена гори на територијата на Општина Македонски Брод, во атарот на селото Драгов Дол. Сепак, според директорот на ДЗС, овој пожар е значително намален и очекува наскоро да биде целосно изгаснат.

  • „Благодарение на полицискиот хеликоптер којшто вчера цел ден работеше, но и трите ‘ертрактори’, повеќе негови краци се успешно изгаснати и останува само еден дел на карпест терен каде што е исклучително тешко и ризично да се движат луѓе, но јас сум оптимист дека овој пожар наскоро ќе биде целосно изгаснат“, вели Ангелов.

Тој додава дека од пожарот не е загрозено ниту едно населено место. Инаку, вчера во овој регион беше драматично во пределот на селото Локвица, длабоко во планината во правец кон ловиштето „Јасен“. И понатаму, според Ангелов, како и според Центарот за управување со кризи, е активен пожарот во атарот на селото Рамни Габер во општина Студеничани, каде што горат трње, грмушки, габер, неквалитетна шума. Огнената стихија е на исклучително тешко пристапен, а на некои места и апсолутно непристапен терен, на кој е невозможно да се пристапи со возила.

Во неговото гаснење се ангажирани екипи на скопската Противпожарна бригада. Пожарот кој започна во атарот на селото С’лп, на територијата на Општина Велес, според Ангелов, е проширен и се движи во насока на Зеленково, односно во атарот на селата Добриново и Тисовица. Поради ситуацијата, велешките пожарникари се фокусирани на заштита на овие села од огнот.

  • „Примарна цел на велешките пожарникари е обезбедување на овие села. Утрово од нив добив фотографии и видеа како ползат низ густите грмушки во обид да се пробијат и да направат одбрана и на овие села. Во најголем дел гори неквалитетна шума, грмушки и трња“, вели Ангелов.

На територијата на општина Јагиновце, како што информира тој, сè уште е активен пожарот над селото Копанце, но не претставува опасност за блиските села. Еден крак од овој пожар, според информациите, навлегол кон селото Бојане во општина Сарај, односно се движи во насока кон Скопје, а од огнот е зафатена мешана шума, но претежно станува збор за грмушки, трња и сува трева. Според директорот на ДЗС, активен е пожарот и на депонијата во Кратово.

  • „Утрово зборував со градоначалникот (на Кратово), се работи на нејзино затрупување и очекувам денеска да биде целонсо затрупано и со тоа непријатната миризба што се шири целосно да исчезне“, изјави директорот на ДЗС.

Според последниот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК), активен е и пожарот во населбата Балканска во Општина Штип, каде што гори ниска вегетација, додека според Центарот под контрола е пожарот во Општина Кратово, кај селото Железница, како и оној во Општина Делчево, каде, исто така, гори депонија.

https://youtu.be/H6hxtHI_6FI

Најнови вести од: Македонија

Минчев: Крај на неоправданото ширење на државниот апарат: дирекции и комисии постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого!

„Повеќе од 20 години јавната администрација беше свесно распарчувана и претворана во мозаик од институционални феуди. Секоја политичка криза, секој партиски договор во минатото, се плаќаше со создавање нови агенции, паралелни дирекции и непотребни комисии, кои постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого. Граѓаните и стопанството со години беа туркани во лавиринти од преклопени надлежности, каде што секој орган креваше раменици, а никој не ја преземаше одговорноста за лошите резултати” – предупреди министерот за јавна администрација Горан Минчев на јавна стручна дискусија во Скопје.

Градоначалникот на Аеродром Митески објави несовесна граѓанка како создава незаконска депонија, оставајќи стар мебел до контејнери

„Ова не е невнимание. Ова е неодговорност! Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија.“ – истакна на својот фејсбук-профил градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, објавувајќи и фотографии на граѓанка од Аеродром, која други граѓани ја затекнале како остава стар мебел во близина на контејнери за смет, па потоа ја пријавиле.

ВМРО ДПМНЕ: Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц, со кого Заев имаше средба

„Се јавија од партијата, чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Клековски денеска се вакцинира против сезонски грип: Ги повикувам граѓаните да се пријават час поскоро за бесплатната вакцинација

„Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за спречување на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај оние групи на население, кои се изложени на опасност. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од сезонскиот грип.“ – нагласи министерот за здравство Сашо Клековски.

To top