За еден месец во земјава се регистрирани 11 нови случаи на ХИВ/СИДА – покажуваат податоците од месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЗЈ) за движењето на акутните заразни заболувања. Според пријавеното, деветмина од заразените се мажи, а две жени. Пациентите се на возраст од 20 до 49 години.
Од другите сексуално и крвно преносливи инфекции, во јули се пријавени седум случаи на сифилис, четири случаи на вирусен хепатитис Б и по еден случај со гонореја, инфекција со хламидија и вирусен хепатит Ц.