Македонија

Отворени 8 пунктови за странци за плаќање казни од „Сејф сити“

Целата процедура за контрола и наплата на глоба синоќа одземала околу 15 минути по поединечен возач, а МВР стави во функција и апликација преку која странците ќе можат да плаќаат и по електронски пат

За да се растовари хаосот што настана на граничниот премин Табановце, синоќа беа ставени во функција осум посебни пунктови за наплата на сообраќајните прекршоци на странските возачи регистрирани од системот „Сејф сити“.

Според информациите на Скопје 1, целата процедура за контрола и наплата на глобата синоќа одземала околу 15 минути по поединечен возач.

Оваа мерка следуваше по големиот сообраќаен колапс кој го парализираше преминот, откако почетокот на проверките за возилата со странски таблички создаде километарски колони.

МНР на Романија ги предупреди своите граѓани за метежот на Табановце поради „Сејф сити“

Револтираните патници вчера масовно реагираа на социјалните мрежи, жалејќи се дека заглавиле во место и по неколку часа за да ја напуштат земјава.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликација со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странските државјани, односно за сопствениците и возачите на возила со странски регистарски таблички.Преку апликацијата странските државјани ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат.

При логирањето, потребно е возачот да ја слика или скенира својата патната исправа  и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата кои тој ги користи во нашата држава.
На овој начин, странските возачи кои со своите возила ќе бидат евидентирани дека сториле сообраќаен прекршок на територијата на целата држава, ќе можат навремено и едноставно да се информираат и да ја регулираат својата обврска, без потреба од дополнително задржување на граничните премини.
Воведувањето на апликацијата претставува значаен чекор во дигитализацијата на услугите поврзани со системот „Безбеден град“, се додава во соопштението на МВР.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

Најнови вести

To top