Македонија

Претседателката на Македонија Силјановска-Давкова во Таранто со поддршка за македонската делегација, најбројна досега на Медитеранските игри

Италијанскиот град Таранто од денеска е центарот на медитеранскиот спорт, а меѓу знамињата на земјите учеснички е и македонското. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин, подготвена за настапите на XX Медитерански игри „Таранто 2026“, а заедно со нив е и претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкова. Македонија настапува со 88 спортисти во 19 од вкупно 33 спортови на програмата. Вечерва во 20 часот е свеченото отворање, кое гледачите ќе можат да го следат во живо на МРТ 1, а на МРТ 3 ќе бидат пренесувани и дел од натпреварите

Денеска, во Олимпиското село Сиљановска-Давкова се сретна со македонските претставници, се запозна со членовите на делегацијата и им упати поддршка пред почетокот на натпреварите. Претседателката им посака успешни настапи и изрази надеж дека со својата посветеност, борбеност и спортски дух достоинствено ќе ги претстават македонските бои во Таранто. Присуството на претседателката на Медитеранските игри е историски момент за македонскиот спорт. За првпат откако Македонија настапува на оваа голема меѓународна спортска манифестација, на Игрите присуствува и претседател на државата, што претставува значајна поддршка и дополнителна мотивација за македонските спортисти.

Силјановска-Давкова во Таранто ќе престојува два дена, а вечерва ќе присуствува и на свеченото отворање на Игрите, заедно со делегациите од медитеранските земји. Нејзиното присуство во градот домаќин е дополнителна можност македонските спортисти да почувствуваат дека зад нивниот настап стои поддршката од целата земја. Вечерва во 20 часот официјално започнуваат Игрите, со церемонија која македонската јавност ќе може да ја следи на МРТ 1, додека дел од натпреварите во живо ќе се пренесуваат на МРТ 3.

„Таранто 2026“ ќе трае до 3 септември, а македонските спортисти веќе ги имаа првите настапи. Нашите одбојкарки вчера го одиграа првиот натпревар на Игрите против Турција, во кој загубија со 3:0, со што за Македонија започна спортската приказна во Таранто. Во следните денови македонските бои ќе ги бранат спортисти во 19 од вкупно 33 спортови на програмата: атлетика, бадминтон, бокс, велосипедизам, коњички спортови, мечување, ритмичка гимнастика, џудо, карате, стрелаштво, пливање, таеквондо, тенис, триатлон и борење – слободен стил, како и женските репрезентации во ракомет и одбојка, машката репрезентација во баскет 3х3 и машката фудбалска репрезентација до 21 година.

Македонија Во Таранто настапува со својата најбројна делегација досега на Медитеранските игри – вкупно 130 членови, од кои 88 се спортисти. Зад нив стои поддршката од Македонскиот олимписки комитет, кој во изминатиот период обезбедуваше услови за подготовките и настапот на Игрите. Дополнителна поддршка во Таранто ќе имаат и во делот на менталната подготовка, преку работата со Софија Арнаудова, сертифициран тренер за ментални перформанси, која ќе работи со спортистите на концентрацијата, менталната подготовка и справувањето со натпреварувачкиот притисок.

Македонските спортисти на Игрите настапуваат во официјална опрема на ЈОМА, во која ќе ги претставуваат македонските бои на спортските терени. За сите случувања од Таранто, настапите, резултатите и атмосферата околу македонската делегација, јавноста секојдневно ќе може да следи информации и содржини на официјалните Facebook и Instagram профили на Македонскиот олимписки комитет, како и преку општествените медиуми на Стефан Лазаров.

Ова е четврто учество на Македонија на Медитеранските игри како независна држава, по Мерсин 2013, Тарагона 2018 и Оран 2022. Македонија досега има освоено 14 медали на Медитеранските игри. Новата генерација македонски спортисти во Таранто ќе има можност да ја продолжи оваа традиција.

Најнови вести од: Македонија

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола e со одлична динамика, рече министерот за транспорт

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

(Видео): За две години пензиите се зголемени за 325%, рече премиерот

Растот на пензиите за две и пол години мандат на оваа Влада е за 325% поголем од растот за седумте години власт на СДСМ и ДУИ. Со бројки и факти, премиерот вели дека одговара на обвинувањата на опозицијата дека граѓаните изгубиле со линеарното покачување и дека заштедите за идните пензионети биле загрозени.

На годинашниов 39-ти Охридски пливачки маратон утре ќе настапат 16 пливачи на патеката, долга 25 километри

Со почеток во 11 часот од Свети Наум утре во водите на Охридското Езеро ќе се одржи 39-то издание на Охридскиот пливачки маратон. 16-те пливачи ќе пливаат на патеката „Климе Савин“. Патеката е долга 25 километри, со старт од Свети Наум, а целта е на Кеј Македонија.

Ангелов: Во Македонија има 15 пожари, од кои 4 се големи – Проблем во гаснењето е непристапниот терен

На територијата на Македонија се активни повеќе од 15 пожари на отворен простор, од кои четири се големи пожари, Четирите големи пожари се на подрачјата на општините Прилеп и Битола, Македонски Брод, Студеничани и Липково, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

По повеќемесечно чекање од денес повторно работи единствениот ПЕТ/КТ скенер – Се разгледува можноста за набавка на втора ПЕТ камера

По повеќемесечниот застој единствениот ПЕТ/КТ скенер во Македонија повторно започна со работа, со што конечно се отвора можност за прегледи на пациентите, кои долго време чекаат. Од денеска се вршат снимања. Според министерот за здравство Сашо Клековски, за првиот ден се закажани девет пациенти.

Уништени, или оштетени над 45 од 112 новопоставени столбови за зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв – ги сечеле со брусилка!

Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови се уништени, оштетени или отстранети. Причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни, информираат од Здружение за одржлив развој САТ – Скопје. Зимската маркација била поставувана од ноември 2025 година до крајот на јули 2026 година со учество на повеќе од 25 локални доброволци и мали бизниси од општините Тетово и Боговиње, кои во исклучително тешки планински услови вложиле значителен број работни часови во транспортот, подготовката и поставувањето на опремата. Штетата се проценува на најмалку 8.000 евра.

Училишна кошничка со попуст до 15 проценти, Владата ќе ја разгледа нацрт-одлуката на 25 август

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна кошничка, која во консултациите со трговците на големо и мало кои продаваат училишен прибор била прифатена како соодветен и практичен модел за намалување на трошоците за родителите пред почетокот на новата учебна година – информира денеска Министерството за економија и труд.

Вреди: Али Ахмети и Ислам Абази должат одговор како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека е „виновен“ кабелот?!

„Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски. Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од најсрамните примери за институционална неодговорност и заробено правосудство!“ – реагира жестоко партијата Вреди.

To top