Бизнис

Над милиони евра инвестиции за побрз развој на Прилеп

Преку разни програми од Министерството за транспорт инвестираме над 9,5 милиони евра во Прилеп, во нови улици, канализациони и водоводни системи и урбан развој.

Преку разни програми од Министерството за транспорт инвестираме над 9,5 милиони евра во Прилеп, во нови улици, канализациони и водоводни системи и урбан развој. Паралелно со инвестициите во општината, забрзно се работи на изградба на автопатот Прилеп -Битола, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при работната посета во Прилеп.

Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски извршија увид во реализација на инфраструктурни проекти во општината.

  • “Континуирана е поддршката за општината од страна на Владата и заеднички со градоначалникот и со неговиот тим работиме на реализација на проекти. ​Само преку разни програми од Министерството за транспорт вкупно се инвестираат 580 милиони денари или околу 9,5 милиони евра. Во првиот повик беа некаде околу 3 милиони евра, во вториот повик се некаде околу 4,5 милиони евра, на тоа имаме програма заедно со Светска банка од околу 350 илјади евра и не ги забораваме оние на коишто им е најмногу потребна поддршката — тоа се социјално загрозените. Околу милион и пол евра се инвестираат преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор во изградба на зграда со социјални станови, која што до крајот на годината треба да е завршена и до пролет да бидат тие станови поделени и вселени. Ќе работиме со градоначалникот и на нови проекти” -изјави заменик претседателот на Владата, Николоски.

Тој истакна дека изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика.

  • “Изградбата на автопатот Прилеп – Битола оди со одлична динамика. Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика, вчера имавме работен состанок баш тука и очекувам веќе следната година да имаме доста добри вести и за Битола – Прилеп. Крајниот рок останува непроменет, тоа е крајот на 2027 година, но првите километри комплетно завршен автопат, зборувам комплетно, во две насоки 3+3 ленти со изградени помошни патишта ги очекувам веќе следната година”, изјави Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top