Бизнис

Кредитите со рекорден раст во јули, што вели НБРМ?!

Вкупните депозити пак, се намалиле за 0,4% на месечно ниво, додека на годишна основа бележат раст од 8,8%, пред сè поради зголемените заштеди на домаќинствата.

Real estate agent and customer signing contract to buy house, insurance or loan real estate.rent a house,get insurance or loan real estate or property.

Кредитната активност во Македонија продолжи да расте во јули 2026 година, при истовремено зголемување на депозитите на домаќинствата. Според најновите податоци на Народната банка, вкупните кредити на месечно ниво се зголемиле за 0,8%, а на годишно ниво за 13,3%. Вкупните депозити пак, се намалиле за 0,4% на месечно ниво, додека на годишна основа бележат раст од 8,8%, пред сè поради зголемените заштеди на домаќинствата. Месечниот пад на депозитите се должи на падот  од 4,6% на депозитите на корпоративниот сектор, иако на годишна основа се повисоки за 2,9%. Тоа сепак значи дека компаниите ја зголемиле својата активност во овој период. Нивните депозити во банките сега изнесуваат 181,7 милијарди денари.

Од друга страна, депозитите на домаќинствата продолжиле да растат со темпо од 1,6% на месечна основа и од 11,1% на годишно ниво. Депозитите на домаќинствата во јули изнесувале  462,4 милијарди денари. Кредитите на корпоративниот сектор во јули пораснале за 0,7% месечно, додека на годишно ниво растот достигнува 14,5%. Корпоративните кредити во јули достигнале речиси 296 милијарди денари,  предводен од кредитите во денари.

Вкупните кредити на домаќинствата во јули достигнале 297 милијарди денари и тие се зголемиле за  0,9% во однос на претходниот месец, а на годишно ниво се повисоки за 12,2%. Особено силен годишен раст бележат станбените кредити, кои се зголемиле за 16,6% и сега изнесуваат 119 милијарди денари. Растат и потрошувачките кредити, кои во јули достигнале 152,7 милијарди денари, со раст од 1,3% за еден месец и 12,1%.

Автомобилските кредити во јули се намалиле за 0,3% на месечно ниво, но на годишна основа се повисоки за 5,6%. Од друга страна, кредитите преку кредитни картички се намалиле за 4% на годишно ниво, додека негативните салда на тековните сметки бележат пад од 5,4%.

Најнови вести од: Бизнис

Буџетот е во добра кондиција но нема за сѐ, рече министерката за финансии

Буџетот е во добра кондиција и покрај предизвиците. Министерката за финансии Гордана Димитриска Кочоска е задоволна од тоа како се полни државната каса. Солидни резултати имало и кај даноците и кај придонесите.

Соседите профитираат иако рударството им стагнира – Бугарите задоволни од поскапениот бакар, нашиот во Иловица тоне

Рудникот за бакар во Иловица е предвидено да произведува до 16.000 тони годишно, но проектот е во застој. Со прогнозирано активно производство во период до 23 години, овој проект би можел значително да влијае на зголемувањето на македонскиот извоз и врз приходната страна на буџетот.

Се доближуваме до целта – Македонија да стане извозник на струја

Според ВМРО-ДПМНЕ, со новите законски решенија се отвора можност за намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата за 5 до 10%, а со преземените мерки за субвенционирање на електричната енергија, директно се заштитува стандардот на граѓаните и се спречуваат ценовни шокови за домаќинствата.

To top