Македонија

Филипче има мастер план за Македонија ама не знае дали во 5 или 6 точки (ВИДЕО)

Имале готов тим, готова програма, готова програмска платформа, и во текот на септември ќе го објавеле мастер планот за Македонија

Во интервјуто за „Тема на денот“ на Сител лидерот на СДСМ Венко Филипче, споменува мастер планот во контекст на изборите и подготвеноста на СДСМ.

Филипче не одговара на прашњето на уредничката Славица Арсова која го прашува зошто СДСМ не бара избори ако е се толку лошо како што вели Филипче но кажува дека Бихаќка има мастер план.

„Ние сме целосно подготвени за избори. Имаме готов тим, имаме готова програма, имаме готова програмска платформа, и во текот на септември ќе го објавиме нашиот мастер план за Македонија. Тоа е план од пет-шест точки во кој граѓаните ќе знаат, ако ни веруваат, што ќе се случи во наредните две години. Ќе биде транспарентно и одговорно, базирано на неколку точки…“, вели Филипче.

Според Филипче целта е граѓаните јасно да знаат што ќе се случува во наредните две години а мастер планот ќе бил транспарентен и со јасна одговорност.

Во видеото тој не ги наведува конкретните точки на планот.

Целото интервју

Најнови вести од: Македонија

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

„Како бугарскиот, така и српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека тие немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика,  ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, туку одделна и самостојна македонска нација

To top