Македонија

Лиридона Беќири, советничката на Спиропали, првата парламентарка на Албанија, повикува на „албанско единство“ на локалните, „за да не се загуби Кичево, градот со длабоки албански корени“!

Повик на Лиридона Беќири: „Албанските партии треба да се откажат од меѓусебните судири и да ја спречат опасноста Македонците да го добијат Кичево, бидејќи македонското влијание се зголемува со сигурни чекори, додека меѓуалбанските битки ја ослабуваат можноста за албанско лидерство во оваа Општина“!

Лиридона Беќири, адвокатка од Скопје и надворешен политички советник од Македонија на Елиса Спиропали, претседателката на Собранието на Албанија, упати повик до партиите од албанскиот блок во Македонија на „албанско единство и сојуз“, за да не се „загуби“ на локалните избори Кичево, „градот со длабоки албански корени“

Во својата колумна со наслов „Стара стока во нова кутија – Северна Македонија среде изборна треска и осаменост на граѓанинот во светот на партиите!“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“ на 23 јули 2025 година, покрај другото, Лиридона Беќири напиша: Додека празните поделби меѓу албанските партии се продлабочуваат, оваа опасност го буди митот за Македонците да ги добијат општините со албанско мнозинство, па затоа албанските партии мора итно да се откажат од оваа еуфорија на ригидно его и апсурдни внатрешни конфликти. Кичево, град со длабоки албански корени, се наоѓа во критичен момент што не може да се игнорира. Меѓуалбанските битки ја ослабуваат можноста за албанско лидерство во оваа Општина, додека македонското влијание се зголемува со сигурни чекори. Ова е реалност, што ризикува да го трансформира Кичево во град каде што албанскиот глас ќе биде тивок и слаб.

Кичево е денес на историски крстпат. Време е да покажете дека сте вистински лидери, а не само претенденти за власт. Затоа, овие избори се време да го направите единствениот избор: изборот на сојуз и единство.“ – напиша Лиридона Беќири во својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top