Во последните недели во селото Зогај кај Вучитрн (Vushtrri) на Косово се случуваат протести на локални жители, муслимани, против плановите за изградба на католичка црква.
На 17 август 2026 година, Католичката Диоцеза Призрен-Приштина одржа церемонија со поставување камен-темелник за идна црква посветена на Светите Флор и Лавр.
Земјиштето од околу 1.266 м² е донирано од семејството Муса од Маџунај и припаѓа на диоцезата.
Локалните власти во Вучитрн тврдат дека немало претходна најава или барање за градежна дозвола. Црквата вели дека церемонијата била најавена, но не претставувала почеток на градежни работи.
Протестите започнале уште во крајот на јули, кога Советот на Исламската заедница на Косово во Вучитрн реагираше дека во околината „не живее ниеден католички верник“ и дека сите околни села се муслимански.
Вчера на 23 август 2026 година повторно се одржа мирен протест во Зогај на кој учесниците велат дека не се против католичката вера како таква, туку против тоа што го перципираат како политичко-идеолошки проект поврзан со „Лëvizja për Rikthim“ (Движење за враќање) и други групи кои повикуваат на напуштање на исламот и конверзија во христијанство.
Тие ги обвинуваат овие групи за обиди за поделба меѓу Албанците.
Камен-темелникот бил отстранет од засега непознати лица но протестите продолжуваат.
Присутни биле и косовската полиција и КФОР а протестот завршил мирно.
Демонстрантите тврдат дека иницијативата е политичка и провокативна, а не чисто верска. Некои ја поврзуваат со странски (српско-руски) влијанија, иако црквата тоа го негира.
Католичката црква инсистира дека станува збор за легитимна верска иницијатива на диоцезата, без вмешаност на политички движења или партии. Земјиштето е нивна сопственост.
Косово е секуларна држава и според пописот од 2024 година, околу 93,5 % од населението се изјасниле како муслимани, 2,3 % како православни и 1,75 % како католици.
🇽🇰 Members of the Muslim community held another protest against the construction of an Albanian church in Vushtrri, saying they would not allow it to be built.
The protesters claim the church is being built by the "Movement for Abandoning the Islamic Faith" in Kosovo. pic.twitter.com/rVstMAnN1a
— kos_data (@kos_data) August 23, 2026