Израелската амбасада во Тирана привремено затворена а судот го суспендираше проектот за еврејски музеј во Валона.
Израелската амбасада во албанската престолнина Тирана денеска објави привремено затворање поради насилни протести. Во исто време, судот во Валона го суспендираше проектот за изградба на еврејски музеј, а за утре е најавен нов протест на предложената локација на музејот во Валона.
Според информациите, на социјалните мрежи меѓу демонстрантите доминираат антиизраелска реторика и теории на заговор.
Овие настани се одвиваат во услови на зголемени тензии поврзани со израелско-албанските односи и локалниот отпор кон проектот за еврејски музеј во јужниот албански град Валона.
Тензиите во Албанија поврзани со Израел и еврејскиот музеј траат неколку месеци, но се интензивираа во последните недели.**
Пошироки антиизраелски и антисемитски елементи во протестите во Албанија се појавуваат уште од крајот на мај и почетокот на јуни 2026 година.
Тогаш започнаа масовните протести против луксузниот туристички проект на Џаред Кушнер (зет на Доналд Трамп) на албанското крајбрежје кај Валона.
Во рамките на тие демонстрации се појавија антисемитски плакати, слогани против „ционистичко преземање“ и напади на израелски симболи вклучително и кинење на израелско знаме пред амбасадата на Израел.
Конкретните протести против еврејскиот музеј во Валона започнаа околу почетокот на септември 2026 година а првите повици и протест беа околу 4–5 септември. Оттогаш се одржуваат редовно, често секоја сабота. До средината на октомври веќе имаше барем шеста последователна сабота на протести.
Насилните студентски и антивладини протести во Тирана кои доведоа до привремено затворање на израелската амбасада) ескалираа оваа недела. Амбасадата се затвори вчера на 16 октомври поради општата безбедносна ситуација во главниот град.
Судот во Лушња вчерс ги суспендираше градежните работи на музејот, но протестите продолжуваат и се бара целосно откажување на проектот.
Противниците тврдат дека музејот се гради во или до историската зграда поврзана со Патриотскиот клуб „Labëria“ отворен во 1908 година, важен симбол на албанската национална историја во Валона. Тие бараат местото да остане посветено на албанската историја („Музеј на Labëria – ДА, еврејски музеј – НЕ“). Властите и министерот за култура тврдат дека се работи за две одделни згради и дека историската зграда не се уништува.
Демонстрациите против премиерот Еди Рама започнаа поради проектот на Кушнер (еколошки и корупциски загрижености), а потоа прераснаа во барања за негова оставка, протести против скапото образование и животни трошоци. Израел и еврејските проекти се вклучени како симбол на блиските односи на Рама со Израел и САД.
На социјалните мрежи и на маргините на протестите доминираат наративи за „ционистичко преземање“ на Албанија, врски со Кушнер/Трамп и критики кон блиските односи меѓу Тирана и Ерусалим. Албанија традиционално има позитивен став кон Евреите (спасување за време на Холокаустот), но во последните месеци се појавуваат посилни антиизраелски гласови.