Регион

Црногорски пратеник повика на востание ако бидат прифатени условите на Хрватска

Ќе мора да се самоорганизираме. Немаме друг избор. Немаме друг избор затоа што оваа држава се распаѓа по сите рабови, а го користи слоганот за европска интеграција, рече Кнежевиќ

Пратеникот во црногорскиот парламент Милан Кнежевиќ од просрпската опозициска Демократска наеодна партија (ДНП) повика на востание доколку Владата на Црна Гора ги прифати осумте услови што ги постави Хрватска за време на пристапните преговори на Црна Гора со Европската Унија.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ инсистира Црна Гора да ги исполни псотавените услови доколку сака да ги заврши преговорите за члеснтво во ЕУ до крајот на оваа година.

Кнежевиќ изјави дека неговата партија нема да прифати никакви договори со Хрватите.

„Колку што можеме, нека нè слушнат Србите, Црногорците, жителите на Бока и сите оние кои сакаат да го бранат интегритетот и суверенитетот дека се креваме на бунт ако го сторат тоа. За да го браниме суверенитетот на државата, да ја браниме Превлака доколку е потребно, но овој пат нема да ја браниме Превлака од Хрватите, туку од Владата. Ова никогаш порано не се случило, да го браниме суверенитетот од сопствената Влада, да го браниме бродот „Јадран“, да ја браниме Превлака, да не даваме 17 милиони евра, да не им ја даваме државата на Хрватите. Ќе мора да се самоорганизираме. Немаме друг избор. Немаме друг избор затоа што оваа држава се распаѓа по сите рабови, а го користи слоганот за европска интеграција“, рече Кнежевиќ.

Во својот говор, тој презентираше и бизарен предлог за тоа како да се соберат 2,7 милијарди евра што Хрватска ги бара од Црна Гора на име воен имот од сукцесијата на поранешна СФРЈ. Оваа сума ја спомена минатата недела хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ-Радман.

„Пресметав како можеме да ја вратиме. Во Црна Гора живееме 520.000 луѓе. Еден бубрег на црниот пазар вреди 50.000 евра. Ако 520.000 продадат по еден бубрег, тоа се 2,6 милијарди евра, а ни остануваат уште 100 милиони. Нека Кавчани и Шкаљари ни позајмат по 50 милиони за да можеме да им се оддолжиме на Хрватите. И да влеземе во Европската Унија како луѓе со еден бубрег, целото население. Бидејќи одамна изгубивме некои од деловите од телото по кои бевме познати, влегуваме во Брисел без нив, а сега сè што останува е да ги продадеме нашите бубрези за да им се оддолжиме на Хрватите. Нема ништо друго“, рече тој.

Кнежевиќ се осврна на барањата на Хрватска и историскиот контекст.

„Значи, Хрватска ги испрати сите осум услови до сите земји членки на Европската Унија. Тие сè уште ни се потсмеваат: ве сакаме, но нема да ве пуштиме да влезете во Европската Унија сè додека не се откажете од Голема Србија и од големосрпската хегемонија и не прифатите дека сте виновни за сè што се случи на територијата на поранешна Југославија“, рече пратеникот.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top