Македонија

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на Жеден, кој се префрла од тетовска на скопска страна!

Од ЦУК претходно изјавија дека зачаденоста, која попладнево е забележлива во Скопје, е од ветерот, што го носи чадот од пожарот на Китка во општините Студеничани и Зелениково.

Мирисот на чад што се чувствува во некои делови од Скопје, доаѓа и од пожарот што се одвива на планината Жеден некаде во атарот на селото Бојане. Пожарот од тетовска страна полека се префрла кон скопската страна. Пожарот е на тешко пристапен терен, соопшти попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов преку видео-порака.

Тој додаде дека како поддршка на скопските пожарникари, во гаснење на пожарот се вклучени и колеги од Тетово. – Очекувам во попладневните часови да биде воспоставена контрола врз овој пожар, тежок за гасење – додаде Ангелов во изјавата.

Ангелов предупреди дека пожарникарите се исцрпени, оти со денови се борат со огнените стихии и дека немале ден одмор. бидејќи со денови има повеќе тешки пожари и во Скопје и во Тетово.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Ноќна дезинсекција на критични точки во Карпош

Стручните екипи од Центарот за јавно здравје во соработка со Скопје и Карпош спроведоа дополнително теренско прскање против комарци и ларви, во насока на ефикасно справување со западно – нилската треска. Се изврши темелна дезинсекција на неколку критични точки низ општината.

Матичната служба ќе проверува зошто од родителите од Пробиштип било барано да именуваат веќе починато бебе

Управата за водење на матичните книги ќе ја проверува целата постапка во случајот со семејството од Пробиштип, кое било контактирано за определување име на новороденчето иако бебето починало непосредно по раѓањето. Од Управата ќе ја проверува правилноста на преземените дејствија, времето на доставување на податоците, примената на прописите и начинот на кој институциите комуницирале со […]

Клековски: Досега 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Инфективната клиника 21 пациент

Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска треска досега, од кои 43 се хоспитализирани, а повеќето од нив со невроинвазивна форма на болеста – изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде што се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата […]

Најнови вести

To top