Македонија

Нема да се гради дата-центар во Пехчево

Пет советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, 3 од СДСМ и коалицијата и 1 советник од Движење ЗНАМ, едногласно ја отфрлија иницијативата да има дата-центар во овој град

 

Гласањето следува по реакциите во јавноста во изминатите недели околу најавениот проект и начинот на кој се водела постапката. Меѓу главните забелешки се недостатокот на информации за инвеститорот, како и прашањата за тоа колку вода и електрична енергија би трошел објектот. Беа изразени и сомнежи за потенцијалното влијание врз природата и животната средина, како и критики дека граѓаните и стручната јавност не биле доволно вклучени во процесот.

Граѓански активисти во изминатиот период активно работеа против изградбата на дата-центарот и повикуваа постапката да биде запрена.

 

На крајот од расправата, претставници на советничките групи ја повторија позицијата дека интересот на граѓаните на Пехчево треба да биде на прво место, а за евентуални идни инвестиции од ваков карактер да се обезбедат целосни информации, стручни анализи и транспарентна постапка.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

To top