Македонија

Уапсен македонски државјанин во Србија: Возел пребрзо и по левата лента, па понудил пари на полицајците за да избегне казна

Се обидел да поткупи сообраќајни полицајци

Државјанин на Македонија е уапсен во Србија под сомнение дека се обидел да поткупи сообраќајни полицајци за да избегне санкција за сообраќајни прекршоци, пренесува „Н1“.

Како што соопшти српското Министерство за внатрешни работи, 43-годишниот З. А. бил приведен од припадници на Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против корупцијата, по налог на Посебното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Краљево.

Според сомнежите на истрагата, тој вчера на полицајци од Управата за сообраќајна полиција им понудил пари за да не му издадат прекршочен налог. Претходно, додека управувал патничко возило на автопат, ја надминал дозволената брзина и се движел по левата сообраќајна лента, иако десната била слободна.

На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде спроведен пред надлежното обвинителство.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

To top