Свет

Трамп: Да не заглавеше во кал со тенковите, Путин за 5 часа ќе беше во Киев

Американскиот претседател со уште едно видување за руско-украинската војна која започна пред три години: „…Не заборавајте, ова требаше да заврши за една недела. И да не се заглавеше во калта со своите тенкови, ќе беше во Киев за околу пет часа“, рече Доналд Трамп мво интервју за Фокс љуз. Тој повтори дека само тој лично […]

Американскиот претседател со уште едно видување за руско-украинската војна која започна пред три години:

„…Не заборавајте, ова требаше да заврши за една недела. И да не се заглавеше во калта со своите тенкови, ќе беше во Киев за околу пет часа“, рече Доналд Трамп мво интервју за Фокс љуз.

Тој повтори дека само тој лично може да ја заврши војната.

„Секогаш чувствував дека не може да има состанок без мене, бидејќи на тој начин нема да има договор. Има многу омраза од двете страни.

Имам многу добри односи со Путин; мислам дека ќе постигнеме договор“, рече Трамп. Тој повтори дека доколку дипломатските напори не успеат, е подготвен да прибегне кон економски притисок врз Русија.

Одговарајќи на директното прашање на водителот дали го смета Путин за главна пречка за мир, Трамп го префрли фокусот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Видете, имав навистина тежок состанок со Зеленски затоа што не ми се допадна она што го кажа и не ми ги олесни работите. И секогаш велев дека нема ‘карти’. И нема“, нагласи Трамп.

Најнови вести од: Свет

Рускиот претседател кој остана запомнат по анегдотите за неговото пијанство

Борис Елцин беше контроверзна личност, а неговото владеење беше обележано со бројни скандали поврзани со неговите лични пороци што дополнително му го нарушија угледот. Еден од најпознатите пороци на Елцин беше алкохолизмот…

Новата 2026 најпрво ќе пристигне на пацифичката островска држава Кирибати

Новата година први ќе ја пречекаат жителите на Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2026-та последни ќе влезат Американска Самоа и островите Бејкер и Хауленд 1 јануари во 13 часот по македонско време

Кина започна со целосната блокада на Тајван: Островот во паника извади “Абрамс” на улица (ВИДЕО)

Вежбите започнаа на 29 декември, само 11 дена по објавата на САД за рекордна продажба на оружје на Тајван во вредност од 11,1 милијарда долари. Кинеското Министерство за одбрана ги осуди продажбите како провокација и најави „силни мерки“.

Не праветеја истата грешка: „Епл“ со важно предупредување до корисниците на Ајфон

Apple препорачува уредите да се полнат на тврда и рамна површина, со добра вентилација, како и да се избегнува нивно покривање со ткаенина или други материјали. Дополнителен ризик претставува користењето неквалитетни или неоригинални полначи и кабли, кои можат да предизвикаат прегревање, краток спој или други безбедносни проблеми. Затоа, се советува употреба на оригинална или сертифицирана опрема.

To top