Хроника

Загинал откако со мотор прегазил зајак, изгубил контрола и удрил во столб

Иако 18-годишното момче имал правилно прицврстена кацига на главата, починал веднаш на местото на несреќата како последица од повредите

 

18-годишен мотоциклист почина од повредите во сообраќајка што се случи во петокот во областа Барања, во Хрватска.

Тој изгубил контрола додека возел мотоцикл, откако удрил и прегазил зајак. Како резултат на тоа, ја изгубил контролата врз возилото и, поради сопирање, удрил во столб за осветлување.

Иако возачот на мотоциклот имал правилно прицврстена кацига на главата, тој починал веднаш на местото на несреќата како последица од повредите.

Местото на инцидентот го увиделе полицајци од Полициската станица Бели Манастир, а телото на 18-годишникот од градот Нови Чеминацбило транспортирано до Клиничкиот институт за патологија и судска медицина на КБК на Осиек, каде што ќе се изврши обдукција.

Сообраќајна несреќа се случи доцна во петокот навечер.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top