Македонија

Екс функционерка под лупа на обвинителството сака да купи јахта

По Заев и Филипче уште еден висок функционер од владите на СДСМ поврзан со луксузна јахта

Екс функционерка во владите на Зоран Заев и Димитар Ковачевски која е под лупа на јавното обвинителството сака да купи јахта.

Желбата да купи јахта се гледа од објава на фејсбук профил со име Даница Чадиева каде таа се интересира за купување на јахта од моделот Бејлајнер 285 СБ 2004.

Чадиева досега не поднесла пријава до македонските или хрватските власти дека некој и го злоупотребил профилот од кој се бара цена за купување на луксузна јахта.

Чадиева е подготвена јахтата да ја купи и во кеш но и да ја замени што укажува дека таа веќе има друга јахта.

Јавното обвинетелство засега не ја демантира информацијата дека екс претседателката на владината второстепена комисија за спорови од работни односи е предмет на истрага за купување на недвижности во Хрватска.

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top