Македонија

Цоки Стојаноски, македонски бранител, полицаец на СВР Тетово – убиен на 31.7.2001 – Делегација на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово положи цвеќе на неговиот гроб

„Цоки Стојаноски (Тетово, 9 јануари 1973 – Брвеница, Тетовско, 31 јули 2001) бил македонски бранител, полицаец на СВР Тетово и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува во заседа кога врз напад врз полициски пункт и службеното возило, во кое се наоѓал тој, терористите отвориле оган од пушкомитралези и минофрлачи. Починал на […]

„Цоки Стојаноски (Тетово, 9 јануари 1973 – Брвеница, Тетовско, 31 јули 2001) бил македонски бранител, полицаец на СВР Тетово и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува во заседа кога врз напад врз полициски пункт и службеното возило, во кое се наоѓал тој, терористите отвориле оган од пушкомитралези и минофрлачи. Починал на самото место од тешките прострелни рани во градите.“ – пишува на Википедија за овој трагичен настан, случен на денешен ден, на 31 јули 2001 година.

Живот, војната 2001 и смрт

На полноќ на 31 јули 2001 година, во пресрет на големиот Илинден, Цоки бил на работното место на полициски пункт кај објектот на поранешното Радио Тетово, на патот Тетово – Брвеница. Стојаноски бил тогашен полициски службеник во Полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај. Беше убиен на 28-годишна возраст. Остави во тага семејство со две малолетни деца, на чие детство неизмерно се радуваше и им го посветуваше секој слободен миг од својот динамичен живот.

Колегите од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово својот колега ќе го паметат по бестрашноста, високата професионалност и нескриениот патриотизам. Цоки Стојановски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.

Спомен биста на Цоки Стојановски има и во кругот на Полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај и во селото Туденце.

„Делегација на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово денес положи свежо цвеќе во чест и помен за Цоки Стојаноски, македонски херој, полицаец на СВР Тетово и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Цоки го даде својот живот во одбрана на Република Македонија. Нека му е вечна слава на херојот! “ – објави на својот фејсбук-профил Александар Велјановски, пратеник во Собрането на Република Македонија и претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. 

Користена и статија на „Сакам да кажам“

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски најави зголемување на пензиите: од септември редовно усогласување, се пресметува точниот износ

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот.

Владата донесе одлука за училишната кошничка: цените на училишниот прибор се намалуваат најмалку за 15 отсто!

Владата на Република Македонија денешната седница донесе одлука, со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува селата Горно Чичево и Долно Чичево!

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење натаму пренасочени биле и „воздушните трактори“ од Китка.

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

To top