Македонија

Ковачки: Зачленување во ВМРО-ДПМНЕ по дигитален пат и без препораки (ВИДЕО)

Кампањата во наредните месеци ќе оди под мотото “ Заедно за иднина – Приклучи се“!

Од 1 септември започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и отворање на партијата за нови членови, информираше генералниот секретар на партијата и пратеник Драган Ковачки.

Кампањата, која ќе трае до 30 ноември, има за цел дополнително организациско зајакнување и модернизација на партијата, а во рамки на процесот за првпат се воведува целосно дигитален начин на зачленување и ажурирање на членството.

„Со оваа порака ВМРО-ДПМНЕ од 1 септември започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и за отворање на партијата за нови членови“, истакна Ковачки.

Тој посочи дека партијата сака во следните три месеци да направи нов чекор во својот организациски развој и да изгради, како што рече, „посовремена, поорганизирана и уште посилна политичка организација, подготвена за иднината“.

„Нашата сила се луѓето. Луѓето кои со децении се дел од ВМРО-ДПМНЕ. Луѓето кои верувале кога било тешко, кои работеле, се бореле и придонесувале. Но и новите генерации кои денес имаат знаење, идеи, енергија и желба да бидат дел од создавањето на иднината на Македонија“, рече Ковачки.

Во рамки на кампањата, постојните членови ќе можат да ги потврдат или ажурираат своите податоци, додека за новите членови партијата најавува отворен процес без потреба од препорака или посредување.

„Без препорака. Без некој да мора да ве воведе. Ако имаш идеја – има место за тебе. Ако имаш знаење – има место за тебе. Ако имаш енергија и сакаш да придонесеш – има место за тебе“, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Како новина, Ковачки го истакна воведувањето на дигитална платформа за зачленување и ажурирање на членството. Според него, партиската ИТ комисија изработила веб-апликација која веќе е ставена во функција во општинските комитети.

„За првпат во Македонија, една политичка партија воведува целосно дигитален процес на зачленување и ажурирање на членството“, изјави Ковачки.

Тој додаде дека мобилната верзија на апликацијата е доставена до Google и Apple и по нејзиното одобрување ќе биде достапна и за мобилни телефони.

Со дигиталниот процес, како што објасни Ковачки, пријавата, верификацијата, прифаќањето на Статутот и потврдата за членството ќе можат да се завршат преку телефон за неколку минути.

Најнови вести од: Македонија

ЕОС Матрих Македонија на пиедесталот во рамки на EOS Групација

ЕОС Матрих Македонија уште еднаш потврдува дека големината на пазарот не е пресудна за извонредноста на резултатите, како и дека континуираниот успех се гради со долгорочна работа, професионалност и постојано унапредување

To top