Македонија

АНБ најави Центар за обука на безбедносни кадри

Одбележан Денот на Агенцијата

Во Националната опера и балет синоќа со свечен прием беше одбележан Денот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во присуство на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, претставници на државниот врв, дипломатскиот кор, државни институции, партнерски служби и медиуми.

Како што стои во соопштението од АНБ, на свеченоста било истакнато значењето на институционалниот развој на Агенцијата и нејзината улога во современиот систем на национална безбедност, со акцент на придонесот на вработените кои секојдневно работат на заштита на националните интереси, уставниот поредок и безбедноста на граѓаните.

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, во своето обраќање нагласил дека националната безбедност претставува одговорност кон државата, граѓаните и идните генерации, посочувајќи дека најголемата сила на институцијата се нејзините професионалци и нивниот интегритет и посветеност.

– Националната безбедност не е само институционална обврска. Таа е одговорност кон државата, кон граѓаните и кон генерациите што доаѓаат. Нашата сила се луѓето, професионалците кои својата работа ја извршуваат посветено, дисциплинирано и со висок степен на интегритет, свесни дека голем дел од нивниот придонес никогаш нема да биде јавно видлив. Токму во тоа се состои големината на нивната служба кон државата – истакнал Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

Во рамки на одбележувањето премиерно бил прикажан документарен филм посветен на историјата и развојот на безбедносната служба, од нејзините почетоци до денешната Агенција за национална безбедност. Филмот, преку архивски материјали и сведоштва од домашни и меѓународни соработници, ги прикажува клучните развојни фази и трансформацијата на институцијата во согласност со современите безбедносни предизвици.

Христовски ги најави и следните развојни проекти на Агенцијата, меѓу кои и формирање Центар за обука на АНБ, наменет за континуирана едукација, професионално усовршување и подготовка на нови генерации безбедносни кадри.

– Безбедносните предизвици денес се менуваат со динамика каква што досега не сме познавале. Затоа силна служба не се гради само со технологија и ресурси, туку пред сè со знаење, аналитички капацитет и луѓе кои постојано се развиваат. Центарот за обука треба да биде инвестиција токму во најважниот ресурс – човекот, знаењето и идниот капацитет на македонскиот безбедносен систем – додал Христовски.

Според него, во услови на брзо менување на безбедносните предизвици, силна служба се гради пред сè преку знаење, аналитички капацитети и континуиран развој на човечките ресурси.

Најнови вести од: Македонија

Опаѓа бројот на нови случаи на Западнонилска треска, двајца се критични

Најголем број хоспитализации бил забележан на 12 август, кога на болничко лекување биле 24 пациенти. Според податоците, мажите заболуваат 3,7 пати почесто од жените, а сите досегашни смртни случаи се кај мажи.

(Видео): Воспоставена контрола над пожарот кај штипско Селце, спасени викендиците

Повторно е воспоставена контролата врз големиот пожар кај штипското село Селце, кој во текот на денот повторно се разгорел и се приближил до повеќе викендички, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Јаневска: Првачињата треба да побараат братче или сестриче од родителите

Новата учебна година носи и сериозен предизвик за образовниот систем – сè помал број ученици и затворање на училишта, особено во руралните средини. За проблемот со намалувањето на бројот на паралелки и празните училишни објекти се осврна министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Ангелов: Тежок пожар беснее во атарот на селата Локов и Буринец во Струга

Тежок пожар има во атарот на селата Локов и Буринец во Струга, каде гори неквалитетна шума, грмушки и трња, а постои опасност пожарот да зафати и квалитетна шума, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

To top