Хроника

Му побарале да плати за здравствена услуга, го искршил шалтерот и нападнал полицаец во Тетово

МВР најавува кривична пријава

Инцидент се случил во Клиничката болница во Тетово, каде 24-годишен жител на село Палатица агресивно реагирал откако му било побарано да изврши уплата за медицинска услуга.

Според информациите од СВР Тетово, Џ.М. на 1 септември околу 19:50 часот го скршил стаклото на приемниот шалтер. При инцидентот тој и двајца вработени во болницата се здобиле со повреди.

По пристигнувањето на полицијата, 24-годишникот физички нападнал и полициски службеник.

Поради сериозноста на повредите, Џ.М. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за натамошна медицинска помош.

На местото бил извршен увид. Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава

Најнови вести од: Хроника

„Курир“: Скандалот се продлабочува! Сопругата правобранителка му ги договарала на судијата „ѕидар“ средбите за рушвет од обвинети!

Разговори снимени со посебни истражни мерки беа изнесени вчера на судењето против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, во чија семејна куќа беа најдени 350.000 евра соѕидани во ѕид. Обвинителството објасни дека снимките покажуваат како била договарана средба меѓу судијата Ристов и лица поврзани со двајца обвинети за тешки кривични дела.

С.С.(43) од Гошинце, Липковско, зел испратници на име на ликвидирана фирма, па „легално продавал“ дрва

Поранешен сопственик на фирма од Гошинце успеал да земе испратници за продажба на дрва преку фирмата, иако таа била ликвидирана. Потоа ги пополнувал испратниците, односно ги фалсификувал, и така продавал дрва „легално“.

To top