УА, ЛОПОВИ!
Новинарот Бранко Героски обвинува дека порталот zbor.com.mk од збор до збор – со насловот на текстот до последната реченица! – украл содржината на Плусинфо.
,,Никој нема монопол на информациите, особено што во случајов станува збор за соопштение на СДСМ. Но, авторско дело е како е обработена информацијата, каков наслов е ставен, како е структурирана веста, каков контекст и бекграунд се дадени и слично.
Ова е класично плагијаторство и паразитирање. Кој и да стои зад zbor.com.mk – не можам да видам ни импресум, ни адреса, ни бутур- треба да се засрами”, пишува Героски.

Инаку оргиналната вест за соопштението на СДСМ од пред три дена ја објави expres.mk два часа пред за истата тема да објави и Плусинфо по што порталот Збор ја украл во целост како што тоа го прави и со други вести од expres.mk.

Од фотографиите односно часот на објава јасно се гледа дека оргинално веста прва ја објавил expres.mk.
Филипче влезе во директен судир со ,,папата” кого го навредува со ,,мумија” и ,,Балсамиран лик”
Членството на СДСМ во шок откако Филипче го прогласи Црвенковски за мумија и балсамиран лик