Македонија

(ВИДЕО) Сиљановска-Давкова со гол ги отвори спортските игри на македонските пензионери

Претседателката на пензионерите им порача дека пензионирањето не значи крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството

Со гол од десетина метри претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги отвори 30. Републички пензионерски спортски натпревари 2026, посветени на 80-годишнината од пензионерското организирање во Македонија и на 20 Септември – Денот на пензионерите на Македонија.

„Логично е да бидам меѓу вас, бидејќи и јас сум една од вас“, порача претседателката, истакнувајќи дека пензионирањето не значи крај на активниот живот, туку период во кој до израз доаѓаат мудроста, знаењето и животното искуство. Таа посочи дека спортот не е само физичка, туку и духовна активност, која поттикнува дружење, активност и справување и со успесите и со неуспесите.

Говорејќи за правата и потребите на пензионерите, Сиљановска-Давкова истакна дека тие треба да бидат активно вклучени во креирањето на политиките и одлуките што директно ги засегаат. Во услови на стареење на населението, нагласи таа, потребно е посебно внимание кон пензионерите како луѓе со знаење, искуство и потенцијал за придонес во општеството.

Осврнувајќи се на јапонскиот концепт „икигаи“ – причината за постоењето, претседателката порача дека секогаш постои причина да се биде активен и дека животот постојано нуди можности за учење и создавање. На учесниците им посака успеси, фер-плеј и витешка борба, како и уште многу вакви натпревари во иднина.

На отворањето се обратија и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, како и претседателката на Здружението на друштва на пензионери на Словенија, Зденка Јан.

На натпреварите е предвидено учество на 312 натпреварувачи од 41 здружение, членки на сојузот.

Најнови вести од: Македонија

Да беше жив Јонче ќе го соблечеше палтото – Карерас пееше една од неговите легендарни песни

Изведбата на Карерас на антологиската песна, оригинално создадена од Јонче Христовски, предизвика огромни овации, силни емоции и воодушевување кај многубројната публика на преполниот плоштад ,,Македонија”

To top