Македонија Колумни

ОМО „Илинден“ – Пирин реобјави дел од фељтонот на Цветановски од 2010 за пишувањата во бугарските медиуми дека „Бугарија и Македонија се две чеда на една мајка“!

Бугарија веќе со децении, па и денес, истапува против Македонија од позициите на својата национална великобугарска доктрина дека е „единствената држава во светот, која се граничи со самата себе“! Фељтонот на Виктор Цветановски посочува на „бисерите“, изнесувани уште пред 15 години токму во контекстот на ваквата „санстефанска национална доктрина“ на официјална Софија, која „работи“ на нејзиното оживоттворување и денес

Бугарите ќе бидат единствениот народ на планетата, кој истовремено ќе има три држави!’ ‘Претедателот на Бугарија Петар Стојанов има речено дека ‘историјата на Македонија е најромантичниот дел од бугарската историја. Бугарија и Македонија имаат заедничко минато. Ние сме апсолутно сигурни дека Македонија и Бугарија ќе имаат заедничка иднина, а сега има разединета сегашност. Но, разделени или не, Бугарија и Македонија се две чеда на една мајка!’ ‘Треба да ја знаеме вистината за Бугарија и за Македонија. Има две држави, еден народ. – ова биле дел од содржини на телевизиски емисии и написи во медиуми во Бугарија уште пред 15 години, на кои посочил новинарот Виктор Цветановски во 17-тото продолжение на својот фељтон со наслов „Македонско-бугарски контроверзии“, објавен во„Утрински весник“ на 29 октомври 2010 година. Овој текст на Цветановски го реобјави политичката организација на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“ – Пирин на својот фејсбук-профил. Притоа во овој контекст ОМО „Илинден“ – Пирин ја упатува следната политичка порака: „Човечки права за Македонците во Бугарија! Говорот на омраза во Бугарија против Македонците стана традиција, бидејќи се толерира со децении!“

Во споменатото издание на фељтонот на Виктор Цветановски од 2010 година, покрај другото, е напишано: „Валкана антимакедонска кампања! Не одбирајќи зборови, бугарските медиуми често ги навредуваат најсветите нешта на македонскиот народ. Бугарските политичари не испуштаат ниту една можност да ги обвинат македонските новинари за антибугарска кампања и за „ширење говор на омраза“. Меѓутоа, секогаш забораваат да кажат, што се’ пишуваат нивните медиуми за Македонија, за невидената антимакедонска кампања, која се водеше често според нечија директива, особено во периодот кога на чело на македонската држава се наоѓаше Киро Глигоров.“

„Тогаш се слушнаа такви валкани зборови, што ги уриваа достоинството, угледот и најсветите чувства на македонскиот народ. Демократски насочените лица, неоптоварени со бугарско-македонските недоразбирања, не можеа да поверуваат дека јавно можат да се изрекуваат такви навреди, вулгарности и да се користи толку нецивилизиран јазик. Тешко е да се наброи се’ што беше изнапишано во весниците и изнакажано во телевизиските и радиоемисии. Од секој текст, од секој збор можеше да се насети невидена омраза кон постојната македонска власт и држава.“

„Таквата антимакедонска кампања не беше случајна, туку изрежирана од некого зашто се јавуваше истовремено. Весникот „24 часа“ ја активира најголемата бомба, информирајќи ги своите читатели дека Глигоров ја заплашува Бугарија со војна, користејќи ја како повод една негова изјава дадена во Варшава дека секое прекрстување на Македонците во Срби, Грци или Бугари може да доведе до конфликти.“

„Во коментарот насловен „Киро Македонски ѕвечка со сабјата“ весникот со невидена иронија и цинизам ќе напише: „Користејќи ги гласините дека некои луѓе на ОМО Илинден најавиле формирање автономија во Пиринска Македонија, Труд во еден коментар ќе запраша: Како ќе се нарекува таа втора држава, откако и првата нема име како луѓето?Што ќе стане, откако јазичниот спор со Скопје автоматски ќе се пренесе и во новата држава и таму луѓето одненадеж ќе престанат да се разбираат меѓу себе и кој ќе ја признае таа втора држава, ако тоа прва не го направи Бугарија? Па така, Бугарите ќе бидат единствен народ на планетата, кои истовремено ќе имаат три држави! – ќе заклучи авторот.“

„Во широката антимакедонска пропаганда најсилно се вклучи тогаш најпознатата хумористичка група „Каналето“, која секоја недела во редовните емисии постојано, на највулгарен начин, ги исмејуваше македонската држава и претседателот Глигоров. „Каналето“ директно преку националната телевизија изврши јавна промоцијa на антимакедонството и се потврди како најголем пропагатор на бугарштината. Редовната хумористичка емисија. што ја емитуваше секоја недела во вечерните часови програмски беше изменета и целосно посветена на Македонија. Надвор од вообичаената практика кога секоја емисија ја исполнуваше со хумор, оваа група овој пат реши цел еден и пол час на Бугарите да им држи сериозно предавање: која е Македонија, каква е нејзината историја и што се Македонците?“

„Дури и самиот водител во уводниот збор на гледачите и на присутните им најави да не очекуваат концертот да биде смешен „зашто многу мака се собрала во таа земја“Македонија била предавана многупати, од многу луѓе, а ние не сакаме да ја предаваме. Никогаш повеќе да не ја предаваме. Ете зошто ние од ’Каналето‘ решивме да направиме романтичен концерт под наслов ’За Македонија со љубов. – ја објасни целта водителот на емисијата.“

„Зошто романтичен концерт? Затоа што, како што кажа претседателот на Бугарија Петар Стојанов, историјата на Македонија е најромантичниот дел од бугарската историја. Бугарија и Македонија имаат заедничко минато. Ние сме апсолутно сигурни дека Македонија и Бугарија ќе имаат заедничка иднина, а сега има разединета сегашност. Но, разделени или не, Бугарија и Македонија се две чеда на една мајка! – заклучи водителот на емисијата.“

„Притоа тој нагласи дека речиси нема бугарско семејство што не е крвно сврзано со Македонија, кое нема дедо или прадедо учесник во војните за национално ослободување, оти не постои бугарски град, што нема македонски бегалци протерани од родните места. Затоа Македонија немала посебна историја. Нејзината историја живеела во сеќавањето на секој од нив. На широкиот бугарски аудиториум му беше понуден и „разговор“ со Сталин, во кој тој „признава“ дека заедно со Тито и Димитров, ги создале македонската држава, македонската нација и јазик.“

Поради тоа треба да ја знаеме вистината за Бугарија и за Македонија. Има две држави, еден народ. – ќе заклучи еден од актерите.“ – напишал Виктор Цветановски во 17-тото продолжение на својот фељтон со наслов „Македонско-бугарски контроверзии“, објавен во„Утрински весник“ на 29 октомври 2010 година, кое го реобјави ОМО „Илинден“ – Пирин на својот фејсбук-профил, кон тоа истакнувајќи ги и следните свои хаштази:

#stophatespeech (Стоп на говорот на омраза)

#StopHateForProfit (Стоп на омразата заради профит)

#hatespeech against the #Macedonians  (Говор на омраза против Македонците)

#WeExist (Ние постоиме)

#wearemacedonians (Ние сме Македонци)

#Macedonian #Minority in #bulgaria (Македонско Малцинство во бугарија)

#PublicMedia #hatespeechers (Говорители на омразата во јавните медиуми)

#EU #values ??? (ЕУ – вредности???)

Најнови вести од: Македонија Колумни

ВМРО-ДПМНЕ: Знае ли Филипче дека комуникација со бегалец е кривично дело

„Случајно или не, Венко Филипче се фали дека е голем пријател на Зоран Заев и еден од ретките којшто комуницира со Артан Груби, едниот невиден криминалец, а другиот плус и бегалец“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче можеби не знае, но помагањето на Груби за бегство од правдата, претставува кривично дело. ЈО барем […]

Николовски: СДС е најголемата криминална банда во историјата на Македонија! Ја опустошија и вршеа национални предавства!

„Потребна е голема мобилизација на овие избори. Масовно да се излезе на 19 октомври, да гласаме за број 9 и да победиме уште во првиот круг, за да ѝ ставиме конечен крај на оваа банда.“ – кажа потпретседателот на Владата на Република Македонија и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски во текот на вчерашните обраќања на митинзите во Струмичко.

Мицкоски: Секој миг ги градам темелите на Македонија, кои ги уриваа СДСМ, но ќе им се скинат куферчињата со пари, што ги добиваа за тоа од Бугарија!

„Служејќи им како слуги на нивните политички господари од источниот сосед СДСМ ја разурнаа државата и направија системот да пропаѓа, кои сега мораме да ги градиме од нивните темели. Но нека не создаваат лажна слика на душогрижништво, затоа што темелите на овој дом се составени од надежите, мотивите и жртвата на илјадници луѓе, кои се вградија во тие темели. Целото мое време го посветувам, за да ја кренеме Македонија, ама нека не се залажуваат и нека не помислуваат дека заборавив сѐ, што ѝ направија на државата!“ – им порача претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерот на СДСМ Венко Филипче, неговиот гуру Зоран Заев и на нивните сопартијци од вечерашниот митинг во Струмица.

To top