Македонија

Вучиќ за одложената посета на Кос: Објаснувањето ѝ беше глупаво! Требаше да забраниме погреб на Младиќ, да правиме кучешки гробишта?!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го нарече „глупаво“ објаснувањето за одложувањето на посетата на европската комесарка за проширување Марта Кос на Белград.

Европската комесарка претходно во објава на мрежата „Икс“соопшти дека ја откажува планираната посета, оценувајќи дека глорификацијата што ја следи смртта и враќањето на посмртните останки на Ратко Младиќ во Белград е неспоива со европските вредности и соочувањето со минатото. Младиќ беше осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, а Кос нагласи дека принципите и вредностите врз кои се темели ЕУ не се предмет на преговори.

– Објаснувањето беше исклучително кратко, но глупаво, како и обично. „Глорификација“ на генералот Ратко Младиќ, само не кажува кој глорификувал што. И кога не можат да најдат ништо конкретно, тогаш се занимаваат со подвозници, надвозници, требало веројатно да им забраниме на луѓето да се појават, да забраниме погреб, да правиме кучешки гробишта изјави српскиот претседател. Вучиќ во реакција пред новинарите порача дека нема да дозволи Кос да ја понижува Србија ниту да му држи лекции за тоа кој е злосторник, посочувајќи на двојни стандарди при третманот на националистичките извици, како што е „За дом спремни“ во други европски средини.

Српскиот претседател додаде дека за него е далеку поважно да ја дочека пресудата за поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи, најавена за 16 септември, отколку доаѓањето на еврокомесарката во Белград. Жал ми е, навистина сакав убаво да се исприкажаме, како за едно четири години да го отвориме кластерот 3 кога ќе дојде тројна промена на власта, бидејќи сега нема да дојде, и веднаш да ја информирам дека имаме предност, значително ја зголемуваме во однос на нашите противници – додаде Вучиќ.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски во Киев: Границите не можат да се менуваат со сила, Македонија стои со Украина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска на покана на украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха престојуваше во еднодневна посета на Украина.

Мицкоски: СДСМ-ДУИ беа бандитска власт, сега се бандитска опозиција! – Знаат само за арамилак, ништо за економија!

„Опозицијата нема познавања од економија, само арамилакот и крадењето на народот им е во нивната политичка матрица!“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија, означувајќи нова пресвртница во својата транзиција кон одржлива енергија

ОКТА отвора ново поглавје во својата енергетска транзиција со пуштањето во употреба на првите два контејнери за батериско складирање на енергија, со моќност од 4 MW, како дел од планираниот проект за батериско складирање. Интегриран со фотоволтаична централа на компанијата со инсталирана моќност од 12 MW, новиот систем овозможува електричната енергија произведена од обновливи извори да се складира и да се користи во периоди кога побарувачката и пазарните услови се најоптимални.

Генералниот директор на „Алкалоид“ меѓу највлијателните во регионот

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на фармацевтскиот гигант АД „Алкалоид“ од Скопје се најде на 38. место на листата на најбогати луѓе во регионот, а неговото богатство белградскиот магазин „Недељник“ го процени на 651.330.000 евра

Најнови вести

To top