Бизнис

Македонската економија расте за 4,3%, министерката за финансии вели дека може и повеќе

Според Димитриеска-Кочоска, повисок и одржлив економски раст не може да се постигне преку ноќ. Таа вели дека се потребни стабилност, предвидливост, доверба и континуитет во економските политики.

Македонската економија во вториот квартал од годинава порасна за 4,3 отсто, што министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го оцени како еден од најдобрите квартални резултати во последните две и пол години. Во објава на Фејсбук, таа посочува дека поважно од самиот резултат е континуитетот на позитивните економски движења.

  • Од раст од 1,6 отсто во првиот квартал од 2024 година, денес сме на 4,3 отсто. Тоа значи дека не зборуваме за еден добар квартал, туку за континуитет, за економија која расте и постепено добива сила. Дали е ова доволно? Не е – вели Димитриеска-Кочоска.

Според податоците за структурата на БДП, растот е забележлив во повеќе сегменти од економијата. Бруто-инвестициите во вториот квартал се зголемиле за 16,5 отсто, извозот на стоки и услуги за 10,4 отсто, додека градежништвото пораснало за 21,9 отсто. Позитивни движења, според министерката, има и во преработувачката индустрија, трговијата, транспортот и угостителството. Растот е поддржан и од домашната потрошувачка.

Димитриеска-Кочоска посочува дека резултатот е постигнат во услови на умерен раст на европската економија, глобални неизвесности и геополитички ризици. Растот од 4,3 отсто, според неа, е над просекот на Европската Унија, кој изнесува 1,2 отсто, како и над растот во еврозоната од 1 отсто. Министерката најавува дека Владата и во следниот период ќе се фокусира на инвестициите, капиталните проекти и поддршката за приватниот сектор.

  • Нашата политика е јасна – повеќе инвестиции и капитални проекти, силна поддршка на приватниот сектор, подобро и попредвидливо деловно опкружување и одговорно управување со јавните финансии – порача таа.

Според Димитриеска-Кочоска, повисок и одржлив економски раст не може да се постигне преку ноќ. Таа вели дека се потребни стабилност, предвидливост, доверба и континуитет во економските политики.

  • Бројките ја покажуваат насоката. Наша обврска е да продолжиме по неа – порача министерката.

Целта, како што наведува, е растот да донесе повеќе инвестиции, посилни компании, нови можности и повисок животен стандард за граѓаните.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top