Бизнис

Добра вест за стопанството: Извозот заклучно со јули пораснал за 13,9%

Стопанството може да здивне. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јули 2026 година, изнесува 8,37 милијарди долари и бележи раст од 13,5%.

Вкупната вредност на извозот на стоки од  Македонија, во периодот јануари – јули 2026 година, изнесува 5,93 милијарди долари и е зголемен за 13,9% во однос на истиот период претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јули 2026 година, изнесува 8,37 милијарди долари и бележи раст од 13,5%. Овие податоци ги објави Државниот завод за статистика. Во евра извозот изнесува 5,10 милијарди евра што е зголемување од 8,6% во однос на истиот лански, а вредноста на увозот за истиот период изнесува 7,19 милијарди евра или раст од 7,8%, споредено со истиот период лани.

Покриеноста на увозот со извоз изнесува 70,9%. Трговскиот дефицит  достигна 2,44 милијарди долари. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – јули 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49,4% во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,7 % во вкупната размена.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top