Македонија

Странски милијарди инвестиции се слеваат во земјава

Растечкиот интерес за инвестирање говори за потенцијалот на нашата држава како атрактивна инвестициска дестинација

Во периодот јули 2024 – јуни 2026 година, приливот на странски директни инвестиции достигна 1,381 милијарди евра, што претставува 86 отсто поголем прилив во споредба со периодот анализиран од јуни 2017 – мај 2019 година.

Дополнително, приливот на странски директни инвестиции по глава на жител се зголеми од 405 на 752 евра, информира Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ).

Овие податоци, како што велат од ДТИРЗ, се показател за растечкиот интерес за инвестирање и за потенцијалот на нашата држава како атрактивна инвестициска дестинација.

„Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) како владина институција продолжува активно да работи на унапредување на инвестициската клима, привлекување нови квалитетни инвестиции и создавање услови за одржлив економски развој. Повеќе квалитетни инвестиции = Повеќе можности = Поголем економски развој!, порачуваат од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Најнови вести од: Македонија

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

To top