Охридскиот аеродром денеска добива проширен и модернизиран дел од патничкиот терминал.
Свеченото пуштање во употреба ќе го одбележат извршниот директор на ТАВ Аеродроми Серкан Каптан, премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот задолжен за транспорт Александар Николоски.
Со реконструкцијата терминалот е зголемен за 30 до 40 проценти, а просторот за шалтерите за патници и багаж е проширен за дополнителни 100 квадратни метри. Зголемена е и зоната за безбедносна контрола.
Административната зграда сега се простира на 700 квадратни метри, наместо досегашните 290. Во склоп на работите се предвидени и нов ресторан-кафетерија за персоналот, нови простории за Граничната полиција и Царинската управа, како и паркинг за вработените.
Проектот има за цел да ги подобри условите за патниците и да обезбеди поефикасна работа на граничните и царинските служби на аеродромот.