Македонија

(Фото галерија): Аеродромот во Охрид како вистински музеј – украсен со реплики на мозаиците и фреските од Плаошник и Света Софија

Мозаиците, реплики на оние кои се најдени на Плаошник, како и реплика на фреска од црквата Света СОфија од Охрид, го прават престојот во аеродромот мал музеј, кој ќе ги претставува убавините на Македонија, уште при пристигувањето.

Аеродромот во Охрид како вистински музеј. Симболиката е употребена во украсувањето на просториите и ѕидовите при реконструкцијата на охридксиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Мозаиците, реплики на оние кои се најдени на Плаошник, како и реплика на фреска од црквата Света СОфија од Охрид, го прават престојот во аеродромот мал музеј, кој ќе ги претставува убавините на Македонија, уште при пристигувањето.

Инвестицијата на „ТАВ Македонија“ за модернизираниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, изнесува од 2,7 милиони евра, а со неа доби реконструиран патнички терминал, зголемен број  шалтери, проширен чек-ин простор, зони за безбедносна контрола и рачен багаж, реорганизиран паркинг, современа опрема и технологија за побезбедно и поефикасно опслужување на патниците.

Најнови вести од: Македонија

Обединување, но и критики – Што точно порачаа функционерите за 8 Септември?!

Членството во Европската Унија останува стратешка цел и дека сака неговата генерација да биде таа што ќе ја внесе Македонија во ЕУ. Сепак, пред државата стои „последен предизвик“ не за да го заврши, туку за да го започне патот кон членството – создавањето доверба.

(Видео): Официјално пуштен реконструираниот аеродром „Свети апостол Павле“ во Охрид

По реконструкцијата што почна во март годинава, свечено е пуштен обновениот аеродром „Свети апостол Павле“ во Охрид. Ова е прва реконструкција на аеродромот по 56 години. Аеродромот има рекордни над 240 илјади патници од почетокот на годината досега, а очекувањата се дека вкупно оваа година ќе има околу 4 милиони патници.

Силјан: Македонскиот јазик e нашата куќа во времето, во него зборуваат предците, се огледува совеста на живите и се именува иднината на децата!

„На избори се добива мандат – не тапија на татковината. Ниту една партија, власт или генерација, не е сопственик на Македонија. Ние сме нејзини привремени чувари меѓу оние, што ја сонувале и оние, што ќе ја наследат.“- порача Раде Силјан во словото по примањето на Орденот „8 Септември“ на свеченоста по повод 35-годишнината од независноста на Македонија.

Мицкоски: Да бидеме генерацијата, која ќе ја внесе РМ во ЕУ, но без компромиси за идентитетот, јазикот и културата, оти тоа ќе биде уривање на АСНОМ и Илинден!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање по повод 35-годишнината од независноста на Република Македонија се осврна и на Европската Унија, нагласувајќи дека тој работи во насока да бидеме генерацијата, која ќе ја внесе државата во ЕУ, но додаде дека сите се свесни дека постои еден последен предизвик за да се почне со патот, а за да се надмине потребно да се да се создаде доверба.

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка по повод Денот на независноста на Македонија

„Во име на американскиот народ, упатувам најтопли честитки до народот на С. Македонија, додека славите 35 години независност.“ – истакнува американскиот државен секретар Марко Рубио во честитката, упатена по повод Денот на независноста на Република Македонија Осми септември.

Најнови вести

To top