Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за време на посетата на Полициската станица во Тетово, зборуваше за предавањето на поранешниот директор на Државната лотарија Перпарим Бајрами, за кој рече дека денес ќе биде изведен пред претходна постапка.
Од лепач на плакати, по директорска фотелја стана бегалец кој заврши во „Шутка’
Тошковски рече дека полека сите што биле во бегство ќе бидат изведени пред законот.
„Лицето што го споменавте беше приведено на граничниот премин, а потоа ќе бидат преземени сите законски мерки, додека сега е испратен во затворот во Скопскиот затвор.
Денес ќе биде изведен пред судијата на претходна постапка. Полека, сите што биле во бегство се обезбедуваат и ќе се соочат со законот за да ја докажат својата невиност, или Обвинителството да ја докаже својата вина“, рече Тошковски.