Македонија

Мицкоски: Промакедонската Влада на Македонија „потроши“ НУЛА денари за концертот на Гета и другите настани за одбележувањето на независноста!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле „потрошени“ за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Како што нагласи Мицкоски, од настапот на Стив Аоки, преку разни музички програми и настапи во повеќе градови низ земјава, до последниот концертот, на Дејвид Гета во Скопје, Македонија одбележа 35 години независност, а граѓаните за тоа платија нула денари.

-Имам лоша вест за сите оние кои шпекулираа, клеветеа, лиферуваа лажни информации. Оставив сето она кое претставуваше посебен момент за градовите низ земјава да биде посебен момент за граѓаните во тие градови. Буџетот сите овие настани го чинат нула денари. И граѓаните и буџетот сите овие настани ги чинат 0 денари. Слободно може да проверите на „Отворени финансии“ и ќе видите дека сето ова граѓаните ги чини нула денари. Се е организирано од општествено одговорни компании. Јас жалам што кај поединци Фројд работи, што мислат дека како тие би правеле, така и некој друг прави. Ова е Влада домаќинска, влада промакедонска која се грижи за граѓаните, пронародна и секој денар буџетски средства се троши на транспарентен начин, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот додаде дека како држава сме покажале дека знеме, можеме и умееме да направиме светско, а да се случува тука во Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

To top