Бизнис

Девизните резерви во август над 5,1 милијарда евра, објави Народна банка

За еден месец нивото на официјалните девизни резерви е зголемено за 90,2 милиони евра. На крајот на август достигнале 5.101 милион евра, односно над 5,1 милијарда евра.

На крајот на август годинава официјалните девизни резерви изнесуваат 5.101 милион евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 90,2 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (69,4 проценти), по што следуваат монетарното злато (17,2 проценти) и валутите и депозитите (13,4 проценти).

Девизните резерви се во ингеренции на монетарната власт, која ги контролира, управува и располага со нив. Нивната примарна функција е да ја заштитат економијата од надворешни шокови, да обезбедат редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и да овозможат интервенции на девизниот пазар. Нивото на девизните резерви е тесно поврзано со позицијата на државата на меѓународниот пазар, како и со нејзиниот капацитет да одговори на надворешни шокови.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top