Македонија

Четвртоодделенците од ООУ „Лазо Трповски“ наградени во Берлин

Општина Карпош

Во ООУ „Лазо Трповски“, денеска се одржа свеченост по повод големиот успех на учениците од четврто одделение, кои освоија престижна награда на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026 во Берлин. На свеченоста присуствуваше градоначалникот Сотир Лукровски, и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски, кој на учениците им ги врачи пофалниците за нивниот успех и врвно постигнување. Наградени се учениците од 4-а одделение, кои под менторство на наставниците Ирена Грегориќ и Стефан Симовски, го изработија проектот „Нашето патување на Јупитер“.
Честитки до учениците:

1. Петрит Адеми 2. Павел Арсовски 3. Михаил Атанасовски 4. Давор Гавриловски 5. Матеј Голомејиќ 6. Милан Ѓорѓевиќ 7. Ирис Граоркоска 8. Дарија Димоски 9. Антонио Ѓорѓевиќ 10. Ѕен Иљовски 11. Лина Јаневска 12. Нора Муфтарова 13. Илина Наумоска 14. Николај Пигуловиќ 15. Јован Симовски 16. Мила Синадинова 17. Андреа Славковска 18. Лукас Трајковски 19. Ана Тренчовска 20. Магдалена Ќурчинска 21. Аце Ѓорѓиески 22. Филипе Георг Вучков

Градоначалникот Лукровски им го честиташе успехот на учениците и им посака уште поголеми достигнувања.

-Овој успех е потврда дека знаењето, креативноста и посветеноста на младите можат да донесат големи резултати. Нашите ученици покажаа дека кога имаат поддршка и можност да го развијат својот потенцијал, можат да постигнат значајни успеси и на меѓународно ниво. Искрено им честитам на учениците и на нивните наставници за овој значаен успех и им посакувам уште многу поголеми достигнувања– истакна Лукровски.

Инаку, натпреварот во Берлин е меѓународен проект посветен на воздушниот и вселенскиот сообраќај, организиран од Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија, во соработка со релевантни германски институции и компании. За успехот на учениците од Карпош одлучуваше деветчлено стручно жири составено од универзитетски професори, наставници, како и други стручни лица. Општина Карпош продолжува да ги поддржува младите таленти и да вложува во квалитетно образование, како основа за нивниот иден развој и успех.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top