Македонија

СДСМ објави дека е и ќе биде отворен простор за идеите на младите

СДСМ доделила сертификати на своите млади членови

Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, им додели сертификатите на младите кои успешно ја завршиле Академијата за социјална демократија на Прогрес институтот.

,,Младите не се само иднината на македонската социјалдемократија – тие се и нејзината сегашност. Млади луѓе кои ги негуваат вредностите на слободата, еднаквоста, солидарноста, социјалната правда и почитувањето на различностите.

Прогресивните предлози за јавни политики кои младите ги изработија во рамки на 17-та по ред политичка академија, а се однесуваат на унапредувањето на социјалната правда, справувањето со климатските промени во земјоделството и производството на храна, политики за младинско домување, подобар економско-социјален статус на младите, менталното здравје и младинското и граѓанско учество, ќе бидат дел од програмата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија”, се вели во објавата на СДСМ од каде порачуваат дека СДСМ е и ќе биде отворен простор за младите, за нивните идеи и иницијативи, за стекнатото знаење да се претвори во јавна корист и промени во општеството за добро на младите.

Најнови вести од: Македонија

Владата денеска ќе го намалува данокот на додадена вредност за горивата од 18 на 10 проценти

Владата денеска ќе одржи седница на која треба да донесе нова мерка за ублажување на растот на цените на горивата – намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, најави премиерот Христијан Мицкоски.

„Михаел ќе остане засекогаш дел од нашето училишно семејство“ – училиштето се прости од 18-годишникот, кој загина со татко му на патот Илинден – Миладиновци

Училиштето „Здравко Цветковски“ се прости од својот ученик Михаел Арсовски, кој заедно со својот татко го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа на патот Илинден – Миладиновци. „Со длабока тага ја споделуваме веста за трагичната и ненадејна загуба на нашиот ученик Михаел Арсовски, ученик во Г-4а клас, кој заедно со својот татко трагично го загуби животот“, објави училиштето..

ВМРО ДПМНЕ: Силни инвестиции во инфраструктурата во општина Илинден – нови улици, училишта, спортски содржини, но и зголемена поддршка за семејствата

„За период од една година Општина Илинден со посветена работа и јасна визија продолжува да се сразвива и да создава подобри услови за живот на сите граѓани. Во изминатиот период во Општина Илинден се реализираа бројни проекти кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

Илјадници Албанци во Приштина, заради поддршка на припадниците на УЧК, меѓу нив и лидерот на ДУИ Али Ахмети со извик: „Да живее УЧК!“

Во центарот на Приштина се одржа „Марш за слобода“, собир за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Специјалниот суд во Хаг за воени злосторства извршени на Косово и Метохија во текот на 1998 и 1999 година, пишува rts.rs. На својот фејсбук профил лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој присуствуваше на овој марш и митинг, објави: „Денес, во Приштина марширавме за слобода и во поддршка на Ослободителите. Албанскиот народ ги прогласи како невини Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Да живее УЧК!“

„Н.М“: Фашизам е обидот на Костадинов и „Преродба“ да го прогласат македонскиот јазик како бугарски!

Лидерот на бугарската радикална десница Преродба, Костадин Костадинов, во бугарското Народно собрание официјално поднесе иницијатива со која бара македонскиот јазик со законски и институционален акт да биде третиран единствено како „бугарски дијалект“. (!?) Ова не е инцидентен настап на Костадинов, туку континуирана платформа на неговата партија Преродба, која преку негирање на македонскиот национален супстрат демонстрира класични фашизоидни елементи, собирајќи евтини политички поени на домашната сцена. Ова се нагласува во политичката анализа со наслов „Анатомија на една фашизоидна провокација“, која ја објави денес весникот „Нова Македонија“. 

Најнови вести

To top